Германија го отпиша долгот на Србија од 18,5 милиони евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германија во декември годинава отпишала долг на Србија во вредност од 18,5 милиони евра поради добри перформанси и економски резултати, соопштија од Министерството за финансии на Србија по вчерашната средба меѓу претставници од двете земји.

image (1)

Станува збор за долг во рамки на Парискиот клуб на доверители.

Министерот за финансии Синиша Мали се сретнал со германскиот амбасадор во Србија Томас Шиб при што констатирано е дека соработката на Србија со Германија е значајна и заради одличните економски врски.

„Во нашата земја има 400 германски фирми во кои работат околу 50.000 луѓе. За инвеститорите од особено значење е да вложуваат во земја која е стабилна, а Србија спроведе бројни реформи чии економски ефекти се сега видливи. Србија прави се за да биде што поатрактивна за вложување со цел создавање на поповолна деловна клима и привлекување на уште повеќе инвеститори. Сè тоа води до одличен резултат: надворешно-трговската размена со Германија е во постојан пораст“, истакна министерот.

„Германско-српската соработка резултираше со видливи ефекти во фокус на одржлив економски раст и вработеност“, изјави германскиот амбасадор.

Реформите биле спроведени во меѓусебна соработка на двете земји преку владите, бизнис секторот, локалните управи, германската организација за развој GIZ и германската банка за развој kfW.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×