Германија ќе ги намалува даноците за да го поттикне економскиот раст
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

German autoindustry“Германија треба да ги намали даноците и да преземе дополнителни мерки за да обезбеди долготраен економски раст”, најави германскиот министер за економија Петер Алтмаиер.

Предлогот на Алтмаиер следува откако минатата недела беше објавено дека БДП на Германија во третиот квартал бележи намалување во однос на истиот период лани, што се случува за првпат од 2015 година.

Според германската агенција за статистика намалувањето на БДП од 0,2% е резултат на намалување на извозот и намаленото производство во автомобилската индустрија, Брегзит и мерките од трговската војна која се води меѓу најразвиените земји во светот.

Еден од клучните предлози на Алтмаиер е целосно укинување на данокот на солидарност кој беше воведен по обединувањето на Германија во 1989 година и кој имаше за цел поттикнување на развојот на помалку развиените источни провинции. Првичниот договор беше овој данок да биде укинат за 90% од даночните обврзници во 2021 година. Сега министерот за економија Алтмаиер предлага целосно укинување на овој данок веднаш.

Втор предлог на Алтмаиер е намалување на корпоративниот данок. “Корпоративниот данок во Германија сега е повисок во споредба со даноците во другите индустријализирани држави како САД, Велика Британија и Франција. Тоа е недостаток и ги изложува работните места во Германија на ризик”, вели Алтмаиер, кој исто така се залага социјалните оптоварувања на платата да не надминуваат 40% од бруто платата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×