Германија ќе испитува дали „Google“ и „Facebook“ ја нарушуваат конкуренцијата во онлајн рекламирањето
Објавено на од во Компании

facebook google addАнтимонополскиот регулатор во Германија почна да го испитува пазарот за онлајн рекламирање поради можна злоупотреба на „значајната“ доминантна позиција на „Google“ и „Facebook“ во него, објави Ројтерс.

Федералната служба за картелите отвора втор фронт против мрежата на Марк Закерберг, откако во декември објави дека таа ја злоупотебила доминантната позиција, за да собира лични податоци на корисници.

„Некои учесници во пазарот ги гледаат „Google“ и „Facebook“ како установени блиски системи (познати уште по терминот „затворени градини“). Ова покренува прашања за пристапот и употребата на податоците на корисниците“, изјави директорот на службата Андреас Мунд. Според нивните пресметки, германскиот пазар за рекламирање минатата година се движел меѓу 5 и 9 милијарди евра.

„Google“ и „Facebook“ добиваат околу половина од приходите од реклами на глобално ниво и над 60% во САД, според податоците на „eMarketer“. Властите велат дека го испитуваат секторот, а не индивидуалните компании.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×