Германија предупреди на нов, хаотичен наплив на мигранти во Европа
Објавено на од во Политика
Германија предупреди дека повторно може да се случи хаотичен прилив на мигранти, каков што беше виден во 2015 година.
begalci-540x389На средбата на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, Грција и Кипар предупредија на алармантниот раст на бројот на мигранти кои доаѓаат од соседна Турција. Министрите разговараа за мигрантската криза во момент кога Грција повторно стана главната капија кон Европа за луѓето кои бегаат од војните и сиромаштијата на Блискиот исток, Азија и Африка.
“Доколку дозволиме сите земји на надворешните граници на ЕУ самите да се борат со миграциите, никогаш нема да има заедничка европска политика за барателите на азил”, рече германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.
Тој предупреди, доколку нема заедничка европска политика за ова прашање, постои опасност повторно да дојде до неконтролиран прилив на мигранти. Расте притисокот врз пренаселените грчки прифатни центри во Егејско море, а во август беше забележен најголемиот месечен прилив на мигранти од потпишувањето на Договорот меѓу ЕУ и Турција во 2016 година, со кој во значителна мерка беше намален бројот на пристигнувања.
Хуманитарната организација Оксим наведува дека 13.000 мажи, жени и деца во моментов се наоѓаат во кампот Морија, на Лезбос, што е предвиден за сместување на само 3.100 лица.
“Децата во Морија се наоѓаат во многу загрижувачка позиција”, се наведува во соопштението на Оксим и се истакнува дека многу малолетници во овој камп се наоѓаат без придружба и грижа од возрасните.
ЕУ се плаши дека може да се повтори мигрантската криза од 2015 година, која доведе до ограничена поделба меѓу земјите од Унијата и раст на поддршката на популистичките, антиимиграциските, евроскептичките и крајно десничарските политички партии.
Податоците на Обединетите нациии покажуваат дека досега годинава во Европа влегле 45.600 мигранти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×