Германија се вклучува директно во македонската политичка криза
Објавено на од во Профил

Johannes-Haindl-WEBКој е Јоханес Хајндл – специјалниот германски претставник за Македонија?

Потегот на Германија за назначување на специјален претставник за Македонија се толкува како решеност на најсилната европска земја директно да се вклучи во разрешување на политичката криза која трае веќе една година. Очекувањата се дека во следниот период ќе следуваат конкретни потези и решенија со кои ќе се забрза решавањето на политичката криза.

 

Политичката ситуација во Македонија предизвикува загриженост кај германската Влада. Заради тоа Министерството за надворешни работи Франк Валтер Штајнмер одлучи да го именува личен претставник за Македонија.

Германското министерство за надворешни работи на својот официјален Твитер профил објави дека го назначува Јоханес Хајндл за нов специјален претставник за Македонија, кој ќе посредува за решавање на длабоката политичка криза во земјава. Новиот претставник, како што објавува Министерството за надворешни работи на Германија, ќе работи во координација со претставниците на Европската Унија и на САД.

„Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер назначи специјален пратеник за Македонија. Амбасадорот Хајндл ќе се координира одблиску со претставниците на ЕУ и на САД за поддршка на напорите за посредување“, пишува во твитот на германското МНР.

Претходно на должноста специјален претставник на Германија за Македонија, Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, беше Ернст Рајхел, кој неодамна е назначен за германски амбасадор во Украина.

Во објавата на германското Министерство за надворешни работи се наведува дека Хајндл ќе биде известувач само за Македонија, а не и за останатите држави и организации во кои делуваше неговиот претходник.

Инаку, Јоханес Хајндл е актуелен амбасадор на Германија во Австрија, а иста така бил и амбасадор во Чешка и заменик амбасадор во германската амбасада во САД.

 Хајндл од 2006 до 2009 година бил заменик амбасадор во амбасадата на Германија во САД, од 3 септември 2009 година до 2011 година бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во Австрија.

Хајндл на почетокот на кариерата работел како новинар, а потоа како дипломат. Од 1987 година се вработува во Министерството за надворешни работи во Бон и цели 30 години ја гради својата кариера во дипломатијата. Хајндл бил шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за политика и безбедност (ПБК) на Постојаната мисија на Германија во Европската Унија. Тој своевремено бил амбасадор на Германија во поранешна Југославија, потоа преку размена на претставници бил во американскиот Стејт департмент, а потоа и заменик-шеф на специјалните сили Западен Балкан при германското Министерството за надворешни работи. Цели 14 години работел како шеф на одделот за Југоисточна Европа и Турција и германското Министерство за надворешни работи. Хајндл од 2006 до 2009 година бил заменик амбасадор во амбасадата на Германија во САД, од 3 септември 2009 година до 2011 година бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во Австрија.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×