Германија целосно ќе забрани употреба на пластични кеси
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Германија планира закон со кој ќе се забрани употребата на пластични кеси, бидејќи договорите со малопродажните синџири за намалување на употребата не дадоа добри резултати. Тоа го изјави министерката за екологија Свена Шулце.
plastic bags„Моето министерство ќе поведе постапка за целосна забрана на пластичните кеси“, рече Шулце, која не прецизира временска рамка за спроведување на мерката.
Таа објасни дека целта е да се намали не само употребата на пластични кеси, туку и самата пластика.
ЕУ ќе забрани некои пластични производи за еднократна употреба, како што се сламки, вилушки и ножеви од 2021 година, но дозволи преоден рок за други производи се додека индустријата не успее да ги замени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×