Германската економија го доживува најспориот раст за пет години
Објавено на од во Економија

Германската економија се зголеми за 1,5% во 2018 година, што е најслабата стапка на раст за пет години, и значително забавување во споредба со претходната година, според прелиминарната проценка на Федералното биро за статистика.

made in germany

Германските компании се соочуваат со проблемот на “ладење” на глобалната економија, трговски спорови предизвикани од политиката на американскиот претседател Доналд Трамп “Америка на прво место” и ризикот дека Британија ќе ја напушти Европската Унија без договор во март, објави Ројтерс.

Прелиминарната проценка на растот на БДП е во согласност со пазарните очекувања и доаѓа по стапката на раст од 2,2 % во 2017 година, според британската агенција.

“Германската економија забележа раст деветта година по ред, иако замаецот ослабе”, објави Управата за статистика, додавајќи дека минатогодишниот економски раст се должи на домашната побарувачка и трошењето на владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×