Германската економија се соочува со најлош раст за 6 години
Објавено на од во Економија

Министерот за економија, Питер Алтмајер, вели дека земјата ќе инвестира во инфраструктурата, образованието и истражувањето.

deutchlandГерманската економија се соочува со најлош раст во последните шест години, според новите владини прогнози, објави Блумберг.

Во позадината на забавувањето на глобалниот раст, загриженоста од Брегзит и трговските војни, Министерство за економија на Германија ја намали оценката за економијата до раст со 0,5% оваа година, што е половина во однос на претходната прогноза.

Ова е дополнително намалување на очекувањата по серија надолни ревизии, од пред само една година на прогнозата за 2019 година, која предвидуваше раст од 2,1%. Според сегашните очекувања, економскиот раст за следната година ќе достигне 1,5%.

Иако има одредено подобрување на деловната доверба, производството во Германија останува сериозно деградирано. Врз основа на проекциите на Европската комисија за остатокот од еврозоната, Германија ќе биде најлошата земја во регионот, со исклучок на Италија која е во стагнација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×