Германската економија во најголем ќар од слабото евро
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Германската економија продолжува да расте благодарение на ниската стапка на невработеност, повисоките плати и намалената вредност на еврото, прогнозира Германската централна банка

Откако минатата 2015 забележа раст од 1,6%, најсилната економија во еврозоната оваа година треба да порасне за 1,7%. Според прогнозите на Германската централна банка, идната 2016 се очекува раст од 1,8%, додека во 2017 1.5%.

„Германската економија закрепнува многу побрзо отколку што беше очекувано и се враќа на патот на раст, кој е поттикнат од внатрешната и надворешната побарувачка“, се вели во соопштението на „Бундесбанк“.

Исто така, растот на економијатата е поттикнат и од поволната ситуација на пазарот на трудот, како и од значителниот пораст на платите. Според толкувањето на централната банка, тоа се должи на градежната активност во земјата и зголемената потрошувачка.

Инаку, „курсот“ на германската економија е речиси непроменет од средината на минатата година. Во последниот квартал од 2014, регистриран е раст од 0,7%, додека во првите три месеци од 2015 година од 0,3%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×