Германската компанија „Герешајмер“ ќе гради фабрика во Скопје
Објавено на од во Економија
Германската компанија „Гересхајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Скопје.
Zaev 1Компанијата соопшти дека ќе почне со градба на фабриката во првата половина на 2019 година, а произведството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија, треба да стратува во средината на наредната година.
Oваа компанија произведува апликатори, пенкала за инсулин, инхалатори и апарати за мерење шеќер во крвта, кои се користат ширум светот
 „Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите, вели Дитмар Сиемсен“, извршен директор на „Гересхајмер“ АГ.
„РСМ на економски план силно чекори напред. Странските директни инвестиции (СДИ) изнесуваат 624 милиони евра, или  267 % повеќе од изминатите 8 години т.е. 4 пати повисок од миинатата година“, рече премиерот Заев на пресконференцијата на која ја објави новата странска инвестиција.
СДИ кршат рекорди од самостојноста до денес, рече тој.
Герешајмер, како што рече премиерот Заев, ќе отвори 400 нови работни места, а е втора странска инвестиција по потпишаување на протоколот со НАТО“, рече тој.
Крупните одлуки беа за поголема економија повече работни места, поголеми плати. Резултат се нови 18 инвестиции од почетокот на мандатот. Работиме на индустријализација и поголеми плати, работа за сите и да ги задржиме младите овде во нашата земја“, рече премиерот на пресконференцијата.
Компанијата во моментов има 50 фабрики во светот. Годишниот промет на „Герешајмер“ е 1,3 милијарди евра, или, како што рече Анѓушев, 1/3 од буџетот на Македонија.
Четвртина од бројот вработени ќе бидат кадри со високо платени места, останатите ќе бидат со високи технолошки знаења – рече Анѓушев.
Анѓушев додаде дека ова е прва од петте фази од инвестицијата, при што следните ќе бидат поголеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×