Германската влада ќе откупува удели на клучни компании во технолошкиот сектор
Објавено на од во Uncategorized

Германија би можела да откупува удели во претпријатија од клучни технолошки сектори како би спречила странски превземања, најавил министерот за економија на Германија, Питер Алтмаер.

575ee7da5124c9ce24648b99-750

 

Тој ова го изјавил во текот на претставувањето на новата индустриска стратегија на Германија потенцирајќи дека странските, а особено кинеските, претпријатија го купуваат германскитот know- how и ја уништуваат германската производна база, есенцијална за нивниот просперитет.

Алтмаер рекол дека опстанокот на претпријатија како Thyssenkrupp, Simens, Deutsche Bank и германските производители на автомобили e  во националниот интерес на Германија и предложил основање на инвестициски фонд за поддршка на клучните индустрии.

„Државата би можела привремено да ги превземе уделите во претпријатијата, не за да би ги национализирала и управувала на долг рок, туку за да ја спречи продажбата на клучни технологии и нивното заминување од земјата“, рекол Алтмаер и дека секако, подобро е државата да не се меша на германскиот пазар, затоа и откупот би се случувал во посебни случаи. Наместо, тоа треба да го прави на глобално ниво каде не се овозможени рамноправни услови.

Ова доаѓа откако во 2016 година кинеската компанија Midea ја превзема баварската компанија за правење роботи, Kuka, по што политичарите почнаа да предупредуваат од опасноста на распродавање витални градбени блокови на германската економија, особено кога Кина е во позадина.

Меѓу клучните индустриски гранки тој ги издвоил секторот за челик и алуминиум, производството на хемикалии, машини и опрема за индустриски погони, оптичкиот и автомобилскиот сектор, производството на медицинска опрема, зелената технологија, воената и воздухопловната индустрија и 3-Д принтањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×