Германски министер бара одлучна реакција на ЕУ за царините од САД
Објавено на од во Економија
Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, изрази надеж дека Европската унија ќе одговори на „одлучен и внимателен начин“ на одлуката на САД да воведе царини за низа производи на ЕУ, од сирење до вино.
solc-1„Ќе реагираме на одлучен, но внимателен начин на оваа нова ситуација. Во глобализираниот свет, трговските конфликти во последните месеци не беа во интерес за никого“, изјави Шолтц за германскиот весник „Билд“.
Германија, како голем извозник, има тесни трговски врски со САД. СТО вчера соопшти дека САД можат да воведат царини на увоз до 7,5 милијарди американски долари од Европската унија, како одговор на нелегалните субвенции на ЕУ за европскиот производител на авиони „Ербас“.
Според тоа, САД ќе наметнат нови царини на стоки во вредност од 7,5 милијарди американски долари, што ќе бидат ефективни од 18 октомври. Царинските давачки ќе бидат 10 проценти за авионите направени во ЕУ и 25 проценти на сите други производи.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 25 отсто на европски производи, како што се француски вина, италијанско сирење, шкотско виски и други продукти, како одмазда поради, наводно, нелегалните европски субвенции на „Ербас“.
Канцеларијата на американскиот трговски претставник објави листа со стотина европски производи на кои ќе им бидат наметнати нови царини откако Светската трговска организација (СТО) пресуди дека САД имаат право да воведат царини до износ од 7,5 милијарди долари за да ги надоместат штетите. Новите царини треба да стапат во сила на 18 октомври, а најголемиот дел од царините ќе се однесува на производи од Германија, Велика Британија, Франција и од Шпанија. На списокот се наоѓаат низа европски производи, меѓу кои кекси, салами, јогурт и путер, но заедничко е што листата се однесува само на производи од некои земји од Европската Унија, на пример на германското кафе и деловите за камери или британската волна и покривки, пишува Ројтерс.
САД нема да наметнат царини од 100 отсто на ниеден производ, иако одлуката на СТО им го овозможува тоа.
СТО во средата пресуди дека САД може да наметнат царини од 7,5 милијарди долари, бидејќи на толкав износ се проценува штетата што ја претрпел американскиот производител на авиони „Боинг“ поради нелегалните европски субвенции на ривалскиот „Ербас“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×