Германски министер предупреди за нов бегалски бран, поголем од тој во 2015
Објавено на од во Политика
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер предупреди на опасност од нов бегалски бран во ЕУ кој би можел да го надмине оној од 2015 година, укажувајќи на потребата да им се помогне на земјите што ги чуваат надворешните граници на Унијата.
Begaltsi-vo-Makedonija-vo-voz„Ние треба да им помогнеме на нашите европски партнери да ги контролираат нивните надворешни граници. Премногу долго ги оставивме на цедило. Ако тоа не го сториме, можеби ќе доживееме поголем бегалски бран од оној од 2015 година“, рече Зехофер за „Билд ам Зонтаг“.
Тој најави дека ќе разговара за мерките со новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за да се спречи да не се повтори ситуацијата од 2015 година, додавајќи дека за ова прашање има целосна поддршка од германската канцеларка Ангела Меркел.
„Турција прави многу кога станува збор за прием на бегалци. Тоа е во заеднички интерес. Мора да ги заборавиме проблемите од минатото и да направиме повеќе за Турција“, рече германскиот министер.
Зехофер, кој беше еден од најжестоките критичари на отворената политика на канцеларката Ангела Меркел кон бегалците, сега се залага Германија да прими повеќе бегалци спасени од Медитеранот, дури секој четврти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×