“Вечерње Новости”: Германски Volkswagen одлучи да гради фабрика во Србија, инвестицијата се проценува на 1,4 милијарди евра!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen одлучи новата фабрика да ја гради во Србија, објави српскиот весник Вечерње Новости, истакнувајќи дека најголемиот производител на автомобили во светот се одлучил за Србија во конкуренција на Романија, Турција, С. Македонија и Бугарија.
volkswagen-factoryКако што објавуваат српските медиуми, првите автомобили од српската фабрика на Volkswagen би требало да излезат од производство во 2023 година.
Се уште не се знае точната локација на фабриката, но во изминатиот период српскиот претседател Александар Вучиќ ја споменуваше Шумадија како локација за голема инвестиција која ќе ја промени крвната слика на српската економија.

И македонскиот премиер Зоран Заев недоамна неофицијално спомена дека е можно Volkswagen да одлучи да ја избере нашата земја како локација на новата фабрика, но очигледно Србија победила во трката за привлекување на овој автомобилски гигант.

Според Новости новата фабрика на Volkswagen би имала годишен капацитет од 300.000 автомобили и извоз од 4,5 милијарди годишно. За колкав голем капацитет станува збор може само да послужи споредбата сна годишниот извоз на германската фабрика од Србија би бил речиси 80% од вкупниот македонски извоз кој лани изнесуваше 5,8 милијарди евра.
Во Србија би требало да се произведуваат пет модели од гамата на Volkswagen, Škoda и Seat.

На оваа инвестиција која се проценува на 1,4 милијарди евра се надеваше и Бугарија, каде медиумите неодамна пишуваа дека во новата фабрика на Volkswagen би имало 5.000 вработени, од кои над 650 инженери.

Неофицијално, за одлуката за изградба на фабриката во Србија превагнал фактот што Србија располага со 10% од светските залиха на литиум, од кој се прават батерии за електроавтомобили, пишуваат српски Новости“, додавајќи дека во иднина освен класичните марки на автомобили би можело да се организира и производство на електровозила.

Додека се чека раководството на Volkswagen официјално да го потврди влезот во Србија, српските власти веќе прават проценки дека со влезот на германскиот автомобилски гигант српскиот извоз би можел да се зголеми за една петина, но тоа исто така би можело да прати сигнал и за други големи инвеститори да ја одберат токму Србија како место за инвестирање во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×