Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Германскиот Бундестаг утре и официјално ќе даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, а на седницата на покана на претседателскиот на германскиот Парламент, Волфганф Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
bundestag-thumb-largeВладејачките германски партии ЦДУ и СПД вчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговори со Европската унија за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените.
Одлуката била донесена вчера на состанок на коалициските партнери во германската Влада. ЦДУ, на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.
Пратеничката на СПД, Незахат Барадари, која е и член на парламентарната комисија за ЕУ ја потврди информацијата и најавува дека конечното зелено светло ќе биде дадено на седницата на Бундестагот в четврток.
„Тоа што коалициските партии го ослободија патот за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е важен сигнал за европската интеграција на целиот регион“, вели Барадари.
За отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата на самитот закажан за 15 и 16 октомври.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×