Германските бизнисмени во Македонија се песимисти за економската состојба
Објавено на од во НАВИГАТОР
Patrick Martens Foto 01При оценувањето на клучните фактори во Македонија, германските компании што работат овде се жалат на дефицитот на правната сигурност, политичката и социјалната нестабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата, но пред се непредвидливата политичка криза  која има силно влијание на стопанскиот развој.

 

 

Компаниите членки на Македонско – Германското стопанско здружение и покрај тоа што се соочуваат со неповолните политички и социјални услови, и дури половина од нив ја оценуваат состојбата во Македонија како лоша, сепак повторно би се одлучиле својата инвестиција да ја реализираат овде.

Во оваа анкета учествувале 71 компанија и во споредба со изминатата година тие општата економска состојба ја оценуваат дури за 12% како полоша. Од компаниите учесници на анкетата, дури 51% ја оцениле актуелната состојбата како лоша, а само 10% како добра. Во однос на очекуваната перспектива за тековната година 63% од испитаниците сметаат дека состојбата ќе остане непроменета, 26% очекуваат да има влошување, само 11% се оптимисти и очекуваат подобрување.

Она што остана запомнето како позитивно, е оценувањето на сопствената деловна состојба, која е подобра од општата состојба во стопанството. Сопствената деловна состојба скоро половина од компаниите ја оценуваат како добра, 46% како задоволителна, а само 3% ја оценуваат како лоша. Со поголем оптимизам од минатата година гледаат германско – македонските компании на сопствената состојба во која се наоѓаат годинава: дури 54% од испитаните компании сметаат на подобрување на состојбата во нивните фирми, 43% прогнозираат дека нема да има промени во деловната состојба, а 3% прогнозираат дека ќе има влошување во споредба со 2016.

Скоро идентични како и минатата година се плановите на компаниите во врска со отворањето на нови работни места и плановите за инвестиции: 44% од компаниите планираат да го зголемат бројот на вработените во однос на минатата година, 6% од компаниите планираат кратење на работните места, 50% од компаниите не планираат ниту зголемување ниту намалување на работните места. Дури за 10% повеќе од  измината година поточно 44% од компаниите сакаат во 2017 да ги зголемат своите инвестиции. Само 13% од испитаните компании планираат кратење на средствата за нови инвестиции.

Со најлоша оценка оваа година беше оценета политичката стабилност во земјата, а потоа следеа останатите фактори кои со години наназад не бележат подобрување: правната сигурност, борбата  против корупција, не предвидливоста на економската политиката, транспарентност при јавните набавки, платежната дисциплината, инфраструктурата, пристап до јавна и финансиска поддршка, како и условите за наука и развој.

Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение изјави дека е добар знак што поголем дел од компаниите и покрај одредени тешкотии сопствената деловна положба ја оценуваат како добра,  односно задоволителна.

„Во времиња кои се тешки и во политиката и во стопанството, не само во Македонија туку и насекаде во светот, важна е стабилноста и сигурноста на сопствената фирма. Годинава, како и во изминатите години, повторно истите фактори се оценети со оценка недоволен: правната сигурност, дисциплината при наплата на побарувања,  политичка и социјална стабилност, транспарентноста при јавни набавки и борбата со корупција. Сево ова го спречува  долгорочното планирање и доведува до неизвесност кај деловните луѓе, воедно како за домашните така и за странските инвестиции“, истакна Мартенс и додаде дека  треба да се запрашаме колку политичката криза која трае веќе втора година влијаеше на оценувањето на состојбата во стопанството.

„Во земјата работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 15.000 лица, што игра важна улога на  пазарот на трудот. Од овие причини многу брзо е потребно решение за актуелната политичка криза, која силно се пресликува на стопанството.“

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×