Германските економисти едногласно прогнозираат рецесија
Објавено на од во Економија
Германските економски институти и водечките економисти во земјата предупредуваат на закана од рецесија во германската економија, како што е забележано, меѓу другото, и од падот на индустриското производство во земјата.
White arrow fall down on the background of the waving flag of Germany (European Union)Според германскиот институт за макроекономија и истражување на пазарот (ИМК), веројатноста за рецесија во германската економија е веќе 59,4%, наспроти 43% во август. Ова е најголем процент од 2012-13 година.
ИМК нагласува постоење на „акутна закана од рецесија“, како резултат на намалување на индустриското производство и бројот на нарачки во секторите производство, намалување на бројот на слободни работни места на пазарот на трудот и „депресивно расположение во економијата“, главно заради надворешните економски ризици поврзани со заканата одБрегзит без договор и трговските војни.
ИМК забележува голем број на слаби индикатори во автомобилската индустрија и некои други индустрии.
Од своја страна, Институтот за економски истражувања во Минхен (ИФО) предвидува пад од 0,1% на германскиот БДП во третиот квартал. Со оглед на падот од 0,1% во април – јуни, тоа значи дека технички земјата влегува во рецесија. Прогнозата за економски раст за 2019 година се влошува, паѓајќи од 0,6% на 0,5%.
„Слабостите во индустријата се шират како нафтена дамка и во другите индустрии“, вели експертот на ИФО, Тимо Волмехаузер.
Слабата економија веќе влијае на пазарот на трудот. Август беше четврти последователен месец кога бројот на невработени не се намали во Германија, односно вработувањето не се зголеми.
Од своја страна, Институтот Кил за светска економија (IfW), исто така, предвидува пад на германската економија во третиот квартал, очекувајќи пад на БДП од 0,3%.
Федералната агенција за статистика ќе објави првични податоци за промените во германскиот БДП во третиот квартал на 14 ноември, а конечните податоци на 22 ноември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×