Германските компании мака мачат со пронаоѓање работници, а еве колку тоа ја чини економијата на државата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германскиот пазар на труд бележи подем, искажан со највисоки стапки на вработеност откако надлежните тела почнале да го следат овој показател, истакнува Reuters.

На компаниите воедно им недостасуваат квалификувани работници поради невообичаено долгиот период на економски раст, што влегува во деветта година, и поради недостаток на работоспособно население.

Дури и кога германските менаџери би ги вработиле сите невработени со соодветни квалификации, непотполнети би останале околу 400 илјади работни места, пишува во извештај на економскиот институт IW.

Германскиот БДП би бил 0,6% повисок кога компаниите би ги ангажирале сите работници кои им се потребни, додаваат од институтот.

Бидејќи компаниите кои вработуваат нови работници паралелно ги зголемуваат и вложувањата во машини и опрема, БДП на среднорочна перспектива би бил повисок за 0,9%.

Во март коморите за индустрија и трговија DIHK предупредија дека недостатокот на работна сила би можел да го поткопа економскиот раст. Лани најголемата европска економија порасна за 2,2%, најсилно во шест години.

Истражувањето на DIHK во кое учествувале 24 илјади компании покажало дека скоро секоја втора (компанија) подолго време не успева да најде квалификувани работници за слободните работни места. Шест од десет анкетирани менаџери наведуваат, исто така, недостаток на квалификувани работници како закана за работењето.

Најтешко се погодени секторите индустрија, градежништво, услугите за обезбедување, образованието, грижата за деца и за постари граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×