Connect with us

менаџмент / маркетинг

GiFi или победата на ѓубрето

Менаџер и Le Mond Diplomatique

објавено

на

Во 2021 година, групацијата GiFi има 6.000 вработени и има 513 продавници во Франција, како и околу четириесет брендови под концесија во прекуокеанските територии, во Шпанија, во Швајцарија и во Африка. Преку подружници и групни фондови, г-дин Жинесте има за цел да ги достигне бројките на 1.000 продавници и 10.000 вработени до 2027 година.

Филип Баке
новинар

 „Ја сакам мојата компанија! Среќен сум што сум дел од неа. Јас, јас живеам за неа, таа е мојот живот! “ Со фламенко мелодија, Маноло Гименез, позната личност од циганска музика, пее на чело на група вработени кои танцуваат во седиштето на GiFi во Вилнев-сир-Ло. На маиците, како и на транспарентите, кои потсетуваат на синдикална активност, се наоѓа слоганот „Ја сакам мојата компанија“. Две млади жени се качиле боси на бирото на нивниот шеф, г-дин Филип Жинесте, кој делува дека лажно зачуден. Потоа го бакнуваат и го вовлекуваат во еден долг фарандола танц. Овој видео запис снимен во 2014 година, беше инспириран од бизнис организацијата Ethic, предводена од бизнисменката Софи де Ментон, кое секоја година ја организира „забава на компанијата“. Во својата книга Животот е генијална идеја, основачот и извршен директор на компанијата GiFi ги претставува своите вработени како мисионери кои мора да ги даваат телото и душата на компанијата: „Не постои професионален од една страна, а од друга страна приватен живот, апсурдно е.1“

Многу медиуми го прославија успехот на овој обичен самоук, кој стана „милионер со продажба на нискобуџетни производи2“. Роден во семејство на трговци со коњи во Ло-е-Гарон, г-дин Жинесте работел во 1970-тите во ноќен клуб, а потоа продавал правосмукалки за Електролукс. Подоцна патувал низ цела Франција за да купува облека од втора класа и да ја препродава на пазарите, пред да ја отвори својата прва продавница со облека со ниски цени. Компанијата специјализирана за производи на попуст како на пример украси, играчки или градинарски производи сè уште се претставува како едно големо семејство… чиј водач стана еден од најбогатите луѓе во Франција и се најде на дваесет и деветтото место на богаташи3.

Г-дин Жинесте сака да ги пречекува новинарите во Вилнев-сир-Ло. Под палмите на паркингот, сите ги почитуваат упатствата за паркирање во рикверц. Автомобилите на раководните лица, од кои повеќето имаат лого „GiFi“, се паркирани десно од влезот. Трите места од левата страна се резервирани за мини-кланот Мерцедес V Класа на шефот, Ламборџинито на неговата сопруга и Порше 911 на неговиот син – сите проценети на околу 400.000 евра. Над скалилото, урамено со две огромни кинески скулптури од камен лав, се наоѓа логото на компанијата: триаголник, симбол на окото на провидението и буквите „GI“ за Жинесте и „FI“ за Филип.
Лобито е декорирано така што помислуваме дека сме во некој кинески ресторан. Огледала, светло-црвени лакирани sидови и статуи на божества потсетуваат на азиското потекло на многу производи што донесоа вистинско богатство на оваа групација.

Извршниот директор сака да раскажува за неговите почетоци, кои добро ја опишуваат еволуцијата на трговијата во Франција: „Во 1981 година, сакав да ја отворам својата прва продавница во центарот на градот Вилнев-сир-Ло, но цената на метар квадратен беше многу висока. Затоа, направив луд облог да изнајмам шупа на периферијата на градот. Во тоа време беше незамисливо.“ Многу паркинг места, големи попусти, громогласни реклами и секогаш отворено во недела: „GiFi, вистинското место да заштедите“ беше пуштен во продажба. „Беше празнично и привлече толку многу луѓе што полицајците мораа да го регулираат сообраќајот“, се присетува основачот на компанијата. Бевме тројца: сопругата, еден вработен и јас. Стоев на влезот за да им делам корпи на родителите и бонбони на децата. Се грижев за моите идни клиенти. “

Управување под контрола додека се  ограничуваат ризиците

Опиен од успехот на неговата прва продавница од 300 квадратни метри, г-дин Жинесте отвори втора со површина од 600 квадратни метри во близина на Аген, трета од 1.200 квадратни метри во Сарла, потоа четврта во регионот на Бордо, која сè уште работи, секогаш во предградија на градовите. Нивното управување е доверено на блиски роднини.

Опиен од успехот на неговата прва продавница од 300 квадратни метри, г-дин Жинесте отвори втора со површина од 600 квадратни метри во близина на Аген, трета од 1.200 квадратни метри во Сарла, потоа четврта во регионот на Бордо, која сè уште работи, секогаш во предградија на градовите. Нивното управување е доверено на блиски роднини. Добивката овозможува отворање на нови продавници. Во исто време, дисконтната продавница уште повеќе ги намалува цените и нуди голем број на производи со многу ниски цени.

До отворањето на неговата дваесетта продавница, г-дин Жинесте се грижи за логистиката и за набавките. Овие патувања во потрага по декларирани производи го натераа да ја открие Франција во екот на деиндустријализација. Регулаторните ограничувања го принудуваат да се откаже од фабрички проект, на кој воошто не се задржува. Многу брзо, тој ги извршува повеќето набавки од трговците на големо во Обервилје кои сè повеќе нудеа производи од Азија. Во 1988 година, тој одлучува да оди во Хонг Конг за да преговара директно со добавувачите: „Продолжив да одам кај увозниците во Франција да купувам производи во мали количини и да ги тестирам на пазарот. Ако беа успешни, тогаш одев без посредници “, признава тој. За да се осигури дека ќе купува во Азија, тој создава тим на купувачи, „изворни“, чија главна мисија е да преговараат за најниски цени.

Во 1993 година, друштвото со ограничена одговорност (SARL) Groupe Philippe Ginestet (GPG) стана холдинг-компанија управувана од нејзиниот основач и 100% сопственост на неговото семејство. Административната служба, првите магацини за логистика и центарот за набавки остануваат во Вилнев-сир-Ло. Но, семејниот круг и пријателите веќе не се доволни за да ги пополнат раководителите во продавниците, па оттука и идејата за користење претставници регрутирани во голема мера од самата компанија. Секоја година, одделот за човечки ресурси на групацијата ги идентификува вработените подготвени да „се надминат себеси во службата за перформанси на компанијата“ и со шанси да добијат унапредување.

Платени според процент од прометот, претставниците веќе не се вработени. За да се обезбеди пристоен приход, од нивен интерес е да се ограничи бројот на вработени и да се посвети огромно време на нивната продавница – особено во недела, што го направи GiFi толку успешен. Системот ѝ овозможува на групацијата да обезбеди управување под контрола додека ги ограничува ризиците. Просториите припаѓаат на GPG и г-дин Жинесте останува управител на повеќето компании, подружници на групацијата, кои управуваат со продавниците. Секоја година, претставниците еден по еден се примени на состанок за да се направи анализа и да им се понуди персонализиран албум со фотографии. „Но, тие исто така можат да бидат отпуштени на лице место ако не ги исполнат целите“, прецизира еден поранешен претставник.

За да се задоволи побарувачката, канцеларијата во Хонг Конг станува GiFi Asia. Овој центар за набавки има пристап до добавувачи од Југоисточна Азија, Пакистан, Индија и Виетнам и ги става во конкуренција на саемите продавачи за играчки, постелнина за домаќинства и градинарски производи. Г-дин Жинесте повеќе не е задоволен од големината на GiFi со која не може да обезбеди проширување на својата групација. Во 2008 година, GPG ги купува лабораториите Mességué, специјализирани за производи за природна нега. Во 2014 година, подружница на групацијата со седиште во Малта – која управува со две јахти купени од извршниот директор – презема мнозински удел во Marketluck, компанија за видео игри на интернет4. Во 2016 година GiFi инвестира во белгискиот дистрибутер Trafic. Во 2017 година, г-дин Жинесте одлучи да го преземе Tati, трговско друштво за малопродажба во криза. Во 2018 година, Casimegi, подружница на GPG (сега казина Stelsia), изгради казино во Мимизан, а потоа ги купи оние во Мегев, Гранвил и уште четири други на југот на Франција.

GPG исто така презема значителни вложувања во главниот град на брендот Besson Chaussures. Во исто време, групацијата продолжува да инвестира во недвижнини и станува еден од најголемите закуподавачи на малопродажниот простор во Франција со 1,2 милиони квадратни метри продавници, магацини и канцеларии. Создава трговски зони и не се двоуми да изнајми дел од своите простории на конкуренцијата, особено на холандскиот ланец Action, кој исто така е специјализиран за попусти.

Во 2021 година, групацијата GiFi има 6.000 вработени и има 513 продавници во Франција, како и околу четириесет брендови под концесија во прекуокеанските територии, во Шпанија, во Швајцарија и во Африка (Брегот на Слоновата Коска, Маурициус и Алжир). Преку подружници и групни фондови, г-дин Жинесте има за цел да ги достигне бројките на 1.000 продавници и 10.000 вработени до 2027 година.

Среќата на вработените, но не и на оние што ги произведуваат производите

Официјалните документи на групацијата гарантираат дека половина од набавките на GiFi денес се одвиваат во Европа. Меѓутоа, на полиците главно гледаме предмети од Народна Република Кина, Индија или Пакистан. Г-дин Жинесте сака да потсети дека „групацијата GPG е 100% француска“, но тој заборава да посочи дека своето богатство го должи на работата на десетици илјади азиски работници … Во својата книга, тој тврди ја сака само среќата на неговите вработени, но таму не ги споменува оние кои ги произведуваат неговите производи.

Кои се производите што му дозволија на поранешниот тезгаџија да изгради една од главните деловни империи во Франција? Ова неделно утро, карантински ден, за отворањето на продавницата Вилнев-сир-Ло се одговорни две лица: шефот за набавка и вработен на касата. Затворањето на несуштинските деловни активности значи дека одделите за играчки, убавина и градинарски мебел се недостапни и се затворени со лента. Многу производи се продаваат по многу привлечни цени во полиците наредени по категории: слушалки, мини-звучници, завеси, чаршави, ѓезвиња, апарати за домаќинство итн. Меѓу „основните“ производи што се чуваат на продажба, наоѓаме сецкач за колбаси, машина за цреши, лебдечки чаши за базени и бомба која експлодира која се продава за 8,50 евра!

Клиентот никогаш не е толку среќен како кога заминува со работите што не планирал да ги купи“, тврди Жинесте во својата книга5. Официјалните документи на групацијата гарантираат дека половина од набавките на GiFi денес се одвиваат во Европа. Меѓутоа, на полиците главно гледаме предмети од Народна Република Кина, Индија или Пакистан. Г-дин Жинесте сака да потсети дека „групацијата GPG е 100% француска“, но тој заборава да посочи дека своето богатство го должи на работата на десетици илјади азиски работници … Во својата книга, тој тврди ја сака само среќата на неговите вработени, но таму не ги споменува оние кои ги произведуваат неговите производи.

Многу луѓе се согласија да ни ја опишат скриената страна на GiFi, но под услов да им се гарантира анонимност. Поранешна соработничка се сеќава дека кон крајот на 90-тите години чувала стаклени вазни, чијашто внатрешност, според неа, можела да биде лакирана само со детски раце. „Детскиот труд отсекогаш бил моја грижа“, вели г-дин Жинесте. „Пред дваесет години требаше да се биде многу внимателен. Ние работевме со приватни ревизорски фирми кои го потврдија социјалниот квалитет на фабриките. Денес тешко дека постои детски труд и контролите се прават по случаен избор.“ Дали е можно да се добие извештај, договори или контакт на ревизорска куќа? „Ние не даваме ваков тип на информации затоа што се доверливи“, одговори Дидие Пителе, портпарол на групацијата, кој присуствуваше на интервјуто.

Закон од 2017 година им наметнува должност на претпазливост на матичните компании и изведувачите да ги почитуваат човековите права, но тој се однесува само на компаниите со над 5000 вработени. И, ако комуникацијата на GiFi споменува 6.000 вработени, само 2.700 се директно вработени. Ништо затоа не го обврзува да има должност да бидат внимателни. Во последниве години, во него постоеше оддел за општествена одговорност на компаниите (ООП), но нејзиниот водач не беше во можност да ја изврши својата мисија и мораше да поднесе оставка. Го контактиравме, но тој не сакаше да каже ништо повеќе.

„Компанија без култура е како зебра без ленти“. Ова беше слоганот на транспарент на влезот во Шато Ле Стелсија – сопственост на групацијата во Сен Силвестр-сир-Ло – кој организира семинари за претставници. GiFi беше првата компанија во Франција што создаде позиција на директор за култура, во овој случај за г-ѓа Брижит Жинесте, сопруга на нејзиниот извршен директор. Оваа „култура“ треба да им овозможи на големото семејство на вработени да се придружат на GiFi, да бидат „GiFi“ и да живеат GiFi. Многу од нив се согласуваат да ја жртвуваат својата анонимност и приватност возејќи автомобили што го носат логото на групацијата за нивна приватна употреба преку поволен систем за купување наем. „Носете ги нашите бои со гордост“ е една од деветте заповеди кои треба да ги знаат вработените.

Културата на GiFi е исто така голема миси за основачот, со химна во чест на неговата слава, ски патувања и празнични семинари во вила во Мегев, сопственост на групацијата. Големиот Принц, г-дин Жинесте исто така беше во можност да покани во 2008 година повеќе од 900 вработени на свадбата на неговиот син на брод во океанот, и во оваа пригода им подели шест милиони акции на неговиот персонал. Какво место резервира оваа „култура“ за синдикатите? „Долго време, моите вработени можеа да дојдат и да ме видат во мојата канцеларија кога ќе посакаа. За нив, јас бев нивен синдикат, вели Жинесте. Денес, директорката за култура, чија канцеларија е веднаш до мојата, ги прима да разговараат за нивните проблеми “ И да ни донесе доверба: „Кога ги продадов моите правосмукалки, се приклучив на Комунистичката партија, во Нантер .“

Сепак, сè не е толку розово како Шато Ле Стелсија – кој е пребоен според желбите на г-дин Жинесте. Неколку случаи на исцрпеност на работа се евидентирани, особено кај жени кои се на одговорни позиции. Во многу скромната просторија на синдикатот., сместена пред центарот за прием на отпад Вилнев-сiр-Ло, г-дин Фабрис Брун, претставник на синдикатот на Француската демократска конфедерација на трудот (CFDT), се доверува: „Како синдикати, малку стоиме на страна. Не смееме да ги спречуваме луѓето да се движат во круг.“ Потоа спомна неколку случаи на преморување: „Има голем притисок и работа, а вработените имаат обврска да одговараат на сите барања.“ Иако ретки, имаше штрајкови во февруари 2004 година во десетина продавници во Ил-де-Франс за да се бараат подобри плати и подобри услови за работа.

Помеѓу 2009 и 2015 година, тензиите кои настанаа заради системот за управување со доделување претставнички мандати беа такви што на социјалната мрежа Дејствувајќи заедно против невработеноста и несигурноста (AC!) се отвори форум со наслов „Да работиме кај GiFi, за без пари? Не, благодарам”. Денес не можете да го најдете на Интернет, но разговорите, архивирани во документ од 150 страници, сведочат за поинаква атмосфера од онаа на официјалниот клип: осумдесет часа неделна работа платена 1.500 евра нето за претставниците, кои рабоатат во пар без семеен живот, работа во недела, несогласување меѓу вработените и претставниците, депресија, малтретирање, понижување … Во септември 2019 година, вработените во продавницата во Каркасон штрајкуваа за поддршка на неколку разрешени претставници без очигледна причина.

Тезгаџијата претворен во милијардер нема ограничувања во неговите амбиции

Друг конфликт ги вклучи вработените во Tati за време на преструктуирањето на нивниот бренд. За г-ѓа Елоди Ферие, секретар на трговијата и услугите на Генералната конфедерација на трудот (CGT), г-дин Жинесtе е далеку од тоа да биде спасител на Tati: „Тој повеќе би бил гробар!“ Кога, во 2017 година, GiFi го доби договорот од Трговскиот суд Бобињи да ги преземе продавниците и да ги заштити брендот, една од клаузулите прецизираше дека нема да има отказ за време од две години. „Истиот ден кога оваа клаузула веќе не беше применлива, GiFi објави затворање на 13 продавници и 189 отпуштања“, продолжува синдикалецот. „Околу триесет продавници беа продадени на друга компанија. Најпрофитабилните, околу педесет години, отидоа под брендот GiFi, дозволувајќи им на групацијата да се смести во центарот на градот.“

„Јас сум нарачател на нарачки со тринаесет години стаж. Работам за 11 евра бруто плата на час, 75 центи повеќе од минималната плата. И јас не сум единствениот со ваков случај.“ Господинот Флоријан Мињард не беше дел од во видео записот„ Ја сакам мојата компанија“. Две години тој е член на синдикалниот оддел Солидарни креиран во GiFi Villeneuve-sur-Lot после последните професионални избори. „Сега сме етаблирани и признати.“ Таму се наведени условите за работа на вработените: многу ниски плати за вработените и менаџерите; намалување на годишните бонуси за учество; стимулативни бонуси отстранети без образложение … „Постои трајна уцена при вработувањето, се жали синдикалецот. На состанокот на кој разговаравме за прашањето на дополнителен бонус Тиери Бухари, заменик-директор, ни рече дека, ако не сме задоволни, вратата е ширум отворена.“

Г-дин Жинесте може да се пофали дека го поддржал спротивставувањето на неговата група во Вилнев-сир-Ло. Сега е главен работодавач во градот. Кога GiFi излезе во јавноста од 1996 до 2010 година, стоеше цврсто пред барањето на инвеститорите за преместување канцеларии и магацини. Денес, дали е можно преместување? „Не можам да го исклучам, но утре можеби нема да бидам тука…“ Се поставува прашањето за неговото наследување, бидејќи тој ја концентрираше целата моќ во своите раце. „Тоа е Александар, неговиот син, кој еден ден ќе го преземе управавувањето. Дали тој ќе има иста волја како неговиот татко да го задржи GiFi во Вилнев-сир-Ло? Ништо не го гарантира тоа “, загрижен е господин Мињард.

Градското планирање на Вилнев-сир-Ло е суров доказ за тоа што го направи успехот на империјата Жинесте. Порано, шармантен утврден град изграден по редовен план – среде падините на Ло, покриен со овоштарници. Денес умира центарот на градот, со тесните улички и двоспратните куќи со изложени греди. „Притисокот од двете големи трговски зони на периферијата силно придонесе за неговото опустошување“, забележува адвокатот Томас Бујсони, општински советник на опозицијата, кој подвлекува: „Со скоро 50.000 жители, заедницата на Гранд Вилневуа има густина на мали области на периферијата што одговара на двојно повеќе од националниот просек. »Меѓу хипермаркетите и ланецот за брза храна, секоја од двете трговски области има огромна продавница GiFi. Новиот градоначалник (од републиканците), г-дин Гијом Лепер, е поранешен извршен директор на групацијата. Г-дин Жинесте ни признава дека тој никогаш не оди во центарот на градот, но кога неговиот колега беше избран во јуни 2020 година, тој изјави во локалниот печат: „Ќе бидам зад него за да му помогнам да разбере некои работи.6“

Основачот на GiFi ги задржува своите големи проекти – чекајќи административно овластување – во неговиот замок Ле Стелсија, во Сен Силвестер-сир-Ло: картинг патека за меѓународни натпревари, две вештачки езера со палма и портокалова шума за опкружување на идното седиште на групацијата, со архитектура достојна за Дубаи. Порано сонувал да постави казино таму. На десетина хектари купени на бреговите на Ло ќе биде поставена марината. Тезгаџијата претворен во милијардер нема ограничувања во неговите амбиции.

Преведено од: Маја Малиновска

Фусноти:

1. Philippe Ginestet, La vie est une idée de génie. La force d’aimer, Eyrolles, Париз, 2021 год..
2. « GiFi, le millionnaire des prix cassés », « Sept à Huit », TF1, 27 ноември 2016 год..

3. « Milliardaires 2021 : Philippe Ginestet », Forbes France, Париз, 6 април 2021 год., www.forbes.fr
4. Yann Philippin, « Le catalogue de l’optimisation fiscale à Malte », Mediapart, 24 мај 2017 год., www.mediapart.fr
5. Philippe Ginestet, La vie est une idée de génie, op. cit.
6. Baptiste Gay, « Villeneuve-sur-Lot. Philippe Ginestet : “J’adore Guillaume (Lepers) !” », La Dépêche, Toulouse, 11 јуни 2020 год.

Continue Reading
интервју6 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

банки1 недела ago

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

интервју6 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите