Гилаури на МК 2025: Ако сакате да ја намалите корупцијата, зголемете ги платите во администрацијата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ако сакате значително да ја намалите корупцијата, зголемете ги платите во администрација. Ова е пораката што на Економскиот самит во организација на Македонија 2025 ја испрати поранешниот премиер на Грузија, Ника Гилаури, кој сега е раководител на Bank of Georgia. Додека тој бил премиер значително се намалила корупцијата во оваа држава, а првиот чекор кон тоа било реформа на администрацијата. Грузија го намалила државниот апарат за 30%, а за сметка на тоа ги зголемила платите на административците.

“Воведовме систем на награди и казни копиран од приватниот сектор. Сите успешни административци добиваа големи бонуси за постигнатите резултати кои беа мерливи. На пример, добиваа одреден процент за бонус за секое зголемување на БДП на земјата” објасни Гилаури.

Уште еден пример кој го сподели, беше дека поради силната корупција меѓу сообраќајните полицајци, биле отпуштени од работа сите, и три месеци Грузија функционирала без вакви полицајци. Потоа, почнала целосно нова регрутација.

One thought on “Гилаури на МК 2025: Ако сакате да ја намалите корупцијата, зголемете ги платите во администрацијата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×