Гита Гопинат, главната економистка во ММФ е новата „рок ѕвезда“ во економијата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Opening PlenaryГита Гопинат
главен економист на ММФ

Новиот главен економист на ММФ доаѓа на сцена во проблематично време. Но, таа е од либералната економска школа, со докторат на Универзитетот Принстон во Америка.Ја сметаат за исклучителна и талентирана, ја претставуваат како брилијантен ум, нагласуваат дека ја краси интелектуално лидерство, велат дека е една од новите “рок ѕвезди” на економијата. Таа е професорката на Харвард, Гита Гопинат (46), и наскоро ќе биде многу позната.Смета дека трговијата не е главниот двигател на нееднаквоста, но политиката не успева да ги реши нејзините дистрибутивни последици. Наспроти ставовите на „извозните економисти“, таа вели дека флексибилните девизни курсеви не влијаат на поттикнување на извозот. Останува да се види дали ММФ ќе биде во можност да ги вклучи нејзините размислувања впо своите политики, но тоа сигурно ќе бара отворени умови, интелектуална агилност и подготвеност да се преиспитаат некои стари конвенционални знаења. И секако, и таа е една од оние што се загрижени за тековната трговска политика/војна предводена од американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Ја сметаат за исклучителна и талентирана, ја претставуваат како брилијантен ум, нагласуваат дека ја краси интелектуално лидерство, велат дека е една од новите “рок ѕвезди” на економијата. Таа е професорката на Харвард, Гита Гопинат (46), и наскоро ќе биде многу позната.

Од неа веќе целосно се воодушевени во елитните кругови на американските и меѓународните научни и финансиски институции, а сега стана главен економист на Меѓународниот монетарен фонд, кој од 2011 година го води Французинката Кристин Лагард. На оваа сцена Гита Гопинат, која што по потекло е од Индија, ќе може да ги покаже новите погледи на меѓународната макроекономија, финансиите и трговијата, што се нејзина специјалност. Се очекува на некој начин да излезе со иницијативи од ММФ од позадина што ќе ја одредат судбината на (пре)задолжените земји.

Сепак, претерано би било да се очекуваат драматични промени, дури и ако таа ги сугерира. Тоа е институција основана како еден од темелите на новиот светски поредок по Втората светска војна, на конференцијата во Бретон Вудс, глобален финансиски идеолог и супервизор на фискалната дисциплина чија главна задача е да се потруди сите да си платата тоа што го позајмиле. Затоа, многумина сметаат дека ММФ е организација која го промовира пазарниот фундаментализам, а некои од нејзините препораки и политики кон презадолжените земји како многу проблематични.

За тоа Аргентинците, на пример, многу може да му забележат на ММФ сеќавајќи се на крахот во 2001 година, а само што добија финансиска помош за да се извлечат од нова криза.

ММФ, инаку, ова година објави дека глобалната економија е повеќе задолжена отколку што беше пред финансиската криза во 2008 година (добар дел од растот на долгот оди во Кина), и дека треба итно да се преземат мерки за намалување на долгот и фискалната консолидација пред да дојде до нова економска криза.

Новиот главен економист на ММФ доаѓа на сцена во проблематично време. Но, таа е од либералната економска школа, со докторат на Универзитетот Принстон во Америка. (Впрочем, кога нејзиниот син имал само седум години, го прашал тако му што е фискален дефицит, до толку го слушал тоа во нивниот дом).

Настапува одлучно, многу самоуверено, така што се гледа дека ги совладала правилата во светот во кој се движи. Досега има објавено 40 научни статии за девизните курсеви, трговијата и инвестициите, меѓународните финансиски кризи, монетарната политика, долгот и новите пазарни кризи. Некои од новите статии критички опсревираат, на пример, за тезата на познатиот американски либерален економист Милтон Фридман за важноста и придобивките од флексибилниот девизен курс. Придобивките, вели таа, се помали отколку што би помислиле, а Фајненшал тајмс го опиша како став кој би бил предизвик за ММФ, институција која традиционално ја поддржува политиката на флексибилни курсеви.

Нејзиното истражување покажа дека депрецијацијата на валути, она ​​што дел од „извозните економисти“ го бараат повеќе од една деценија, доведува до неефикасно поттикнувањето на извозот во повеќето земји, бидејќи стоките се изразени главно во американски долари. Со доларот како доминантна валута, извозните цени не паѓаат кога курсот ќе се промени, па нејзиниот заклучок е дека извозот прилично е нечувствителен на промени на девизните курсеви.

Кој е Гита Гопинат? „Тотален воркохолик“ вели за себе, во едно интервју за индискиот Вог, кога доби постојана работа како професор на Катедрата за економија на Американскиот универзитет Харвард во 2010 година. Пред неа, тоа им успеало само на две жени па беше јасно дека таа е од тежок калибар. Стоејќи пред канцеларијата во кампусот, пред плоча нашарана со комплицирани формули и белешки му рекла на новинарот „ова е нешто што го правев вчера, не сакав да ве исплашам” оти тој се загледал во тој хаотичен лавиринт за време на разговорот. На Харвард е од 2005 година, а нејзината постојана позиција како професор беше првиот вистински голем чекор во нејзината кариера. Потоа следуваа награди и признанија, а оваа година стана членка на престижната Американска академија за уметности и наука.

Родена и порасната е во индиската држава Керала, каде што од минатата година стана економски советник, и иако многумина не се согласуваат со оценката дека таму некогаш постоело матријархално општество, Гита Гопинат се повикува токму на таа традиција за да ги објасни корените на нејзиниот успех. “Кога ќе пораснете во средина каде што ќе се чувствувате вредно, немате сомнеж за себе и се чувствувате достоен”, изјави таа за Вог.

Сега ќе го води истражувачкиот оддел на ММФ, кој, меѓу другото, објавува Светски економски преглед, еден од најчитаните документи за развојот и перспективите на глобалната економија. Прва жена е што воопшто е поставена како главен економист на ММФ, и со тоа настана интересен триумвират во глобалниот финансиски поредок: три жени се главните економисти на ММФ, Светската банка и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Главниот економист на Светската банка е Пинелопи Коујану Голдберг (55), кој беше назначена во април оваа година. Таа е професор на Јеил, има грчки корени, исто така е член на Американската академија на науките и уметностите, како и главен уредник на престижниот весник American Economic Review.

Главниот економист на ОЕЦД od крајот на јуни оваа година, e Французинката Лоренс Буун (49), поранешен советник на Франсоа Оланд одговорна за француската политика кон Грција во време на кризата во 2014 година. Во својата кариера таа исто така има искуство и како главен економист за Европа во Мерил Линч.

„Под нејзино раководство, економскиот тим на ОЕЦД ќе биде витален дел од напорите за изградба на мултилатерален систем за новата ера”, рече генералниот секретар на ОЕЦД, Ангел Гуриа.

Ќе дадат ли овие жени иновативни одговори на прашањата за насоката на глобализацијата, или нов економски поредок во кој подобро ќе се вклучат земјите во развој? Во моментот кога трговскиот мултилатерален систем се соочува со големи предизвици и кога се води отворена амриканско кинеска битка за превласт, додека други се обидуваат во оваа прераспределба да најдат подобра карта за себе, тоа ќе биде повеќе од добредојдено.

Како што напиша за Блумберг колумнистот Мохамед А. Ел Ериан кој што долго ја следи работата на Гита Гопинат, а и самиот во неколку наврати беше на висока функција во ММФ, останува да се види дали Фондот ќе биде во можност да ги вклучи нејзините размислувања, особено за врските помеѓу светот на финансиите, нестабилноста на пазарот и прелевањето во реалната економија, или, на пример, развивањето нови алатки за следење на протокот на капитал, во време кога го има во изобилство, но и кога бега. „Ова ќе бара отворени умови, интелектуална агилност и подготвеност да преиспитаме некои стари конвенционални знаења”, вели Ел-Ериан.

На предавањето кое го одржала на крајот на минатата година во Петерсон Институтот за Меѓународна економија, Гита истакнала дека трговијата не е главниот двигател на нееднаквоста, но политиката не успеа да ги реши нејзините дистрибутивни последици. Се разбира, таа е една од оние што се доста загрижени за тековната трговска политика / војна предводена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×