ГЛАГОЛИЦАТА: СПОДЕЛЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Објавено на од во lifestyle

glagolicaRotary-Club-skopje-west-logo-CS5Во рамки на своите стратегии и приоритети за промовирање на македонското материјално и духовно културно наследство и за негување на свеста дека тоа е нераскинлив дел од балканското, европското и светското културно наследство, Ротари Клубот Скопје Запад срдечно Ве поканува на донаторскиот настан:

ОТВОРЕНО СО РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ ЗАПАД
ГЛАГОЛИЦАТА СПОДЕЛЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Глаголицата, како едно од двете познати и признати старословенски писма (покрај кирилицата), е образец за споделено културно наследство меѓу народите и земјите во коишто се одвивала дејноста на Светите Кирил и Методија, ширум Европа.

Имајќи ја предвид важноста на глаголицата во развојот на европското заедништво и духовност, Ротари Клубот Скопје Запад ја организира оваа специјална мултимедијална вечер на којашто ќе се лицитираат врвни уникатни уметнички дела инспирирани од глаголичката азбука.

Датум и време: 27-ми ноември 2015, 19:00 ч.

Место: Македонска Академија на Науките и Уметностите

Кодекс на облекување: Формален

Цена на влезницата:
Гости и ротаријанци – 1200 ден.
Ротаракт членови     –  800 ден.

Со секоја купена влезница следува специјален поклон

Програма:
19:00 Добредојде и Регистрација
19:30 Глаголица – Света вредност за многунации низ Европа и светот:
- aкад. Катица Ќулавкова
- Членови на Академијата

20:00 Разгледување на делата за аукција
20:30 Аукција со добротворна цел
21:30 Коктел забава со жива музика: Клуб бенд

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×