Глигор Бишев, Шпаркасе банка: Банките се инфицираат со вирус на банкроти
Објавено на од во Прогнози 2015

Високата ликвидност и ограничената кредитна побарувачка доведуваат до склоност ризикот да не се вградува соодветно во цената на кредитите и тоа може да ја поткопа здравоста на банкарскиот сектор, вели во своите прогнози за 2015 година претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев.

Каква очекувате дека ќе биде 2015 година на економски план?

- Економската обнова на светската и европската економија ќе продолжат. Се очекува да дојде и до првото зголемување на каматните стапки во САД, по економската криза. Во ЕУ ќе останат ниските каматни стапки и монетарното олабавување. Структурните реформи, финансиската консолидација и екстерното финансирање ќе останат предизвик за балканските земји. Растот на македонската економија се очекува повеќе да биде воден од приватниот сектор и извозот. Согласно со тоа, за динамиката на растот клучно ќе биде одржувањето на конкурентноста што ќе бара нови инвестициони вложувања и преструктуирање на компаниите. Финансискиот сектор ќе биде под голем притисок од случувањата во ЕУ и зголемената домашна конкуренција. Тоа ќе ја забрза консолидацијата на овој сектор и отпочнување со нова фаза на иновативно банкарство.

Какви се плановите на Шпаркасе банка за 2015 година? Може ли фирмите да очекуваат поголема кредитна поддршка?

- Шпаркасе банка ќе продолжи со својот модел на работење: да обезбедува сатисфакција за клиентите, вработените, заедницата и сопствениците. Тоа детерминира растот на банката да е поддржуван од сите овие чинители. Во 2015 ќе продолжиме со финансиските иновации и фокусот ќе биде во сите сфери на банкарското работење: проектно финансирање, финансирање на малите и средните компании, големите “компании на создавање на вредност” во земјата и регионот, населението, работење со хартии од вредност. Имајќи ја предвид капиталната сила што ја има Шпаркасе банка и капиталната сила на нашите сопственици, може да се очекува дека ќе дадеме натамошен придонес за стабилноста и консолидацијата на финансискиот сектор.

Кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочат банките во 2015 година?

- Високата ликвидност и ограничената квалитетна кредитна побарувачка доведуваат до склоност ризикот да не се вградува соодветно во цената на кредитните банкарски производи. Тоа беше распространето пред кризата од 2007-2009 во високо развиените земји, што доведе до потреси во банкарските системи и банкротства на голем број на банки, меѓу кои и банки со долготрајна традиција – Lehman Brothers. Изгледа, во последните месеци, македонскиот банкарски сектор започнува да се инфицира со тој вирус. Неговото ширење на долг рок ќе ја поткопа здравоста на финансискиот сектор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×