Глигор Цветанов: Кондиторската индустрија ќе продолжи да зајакнува
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2018

DAF_2284Глигор Цветанов

извршен директор на “Макпрогрес”

Земајќи ги во предвид остварениот пораст на повеќето пазари во 2017 година, како и стабилноста на останатите пазари очекуваме и во 2018 година дa продолжиме со успешно работење и понатамошен раст на приходите. “Макпрогрес” Виница има дополнителни причини зошто да очекува раст, бидејќи од почеток на годината се планира проширувањето на производното портфолио со нови категории на производи под целосно нов бренд, како и редизајн и релансирање на производите од брендот Дониа.

Планираме дополнително зголемување на буџетот и активностите на секторот за истражување и развој, како би можеле да бидеме во тек со промените и потребите на потрошувачите.

Главен предизвик ќе биде одржувањето на конкурентноста на производството во услови на зголемување на трошоците за производство и за дистрибуција по основ на покачување на акцизата, берзанското покачување на цената на електричната енергија, порастот на платите и порастот на цените на некои сировини. Наша цел и понатаму ќе биде да работиме на подобрување на енергетската ефикасност, подобрување на продуктивноста, рационализација на пакувањата.
Дополнителен предизвик и понатаму ќе биде старото горчливо прашање на одржување на ликвидност во услови на големите доцнења на наплатата, посебно на домашниот пазар.

Очекувам и во 2018 година кондиторската индустрија во Република Македонија уште повеќе да зајакнува и да ја подобрува позиционираноста, преку се поголема супституција на увозните кондиторски производи со домашни, како и да го шири присуството и на странските пазари. За мали држави и пазари како што е Република Македонија, извозот дефинитивно е најглавниот генератор на економски раст, па затоа економските политики треба да бидат насочени претежно кон зголемување на конкурентноста за извоз и насочување на компаниите кон извоз.Извозот понатаму може да се зголеми со поголемо отварање кон пазарите на земјите од Магреб и Блискиот Исток кои се значајни пазари од над 400-тини милиони жители што претставува нешто повеќе од 5% од светската популација. За подобрување на извозот кон овие пазари е потребно да се склучат договори за слободна трговија и да се подобри визниот режим кој Република Македонија го има со тие земји.

Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×