Глигор Цветанов, Макпрогрес: Најголем проблем и годинава ќе биде неликвидноста
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најголеми предизвици и годинава ќе бидат обезбедувањето на ликвидност во работењето и обезбедувањето на квалитетна работна сила, вели во својата прогноза за економијата во 2015 година главниот извршен директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов.

Каква очекувате дека ќе биде 2015 година на економски план?

Очекувам и 2015 година да биде успешна за Макпрогрес како по раст на продажбата така и по раст на добивката. Овој оптимизам го базираме на стабилните цени на суровините, ниската цена на нафтата како и инвестицијата во проширување на производствените капацитети која деновиве ја објавуваме.

Какви се плановите на вашата компанија за следната година, колку очекувате дека ќе го зголемите производството, продажбата и на домашен и на странски пазар? Планирате ли нови инвестиции со цел да го проширите бизнисот?

Макпрогрес во 2015 година обележува јубилеј 25 години постоење. Овој јубилеј планираме да го одбележиме со пуштање во производство на два нови производни погони за брендовите Сончева Долина и Натура кои се во завршна фаза на изградба, како и пуштање во употреба на нова производна линија за која деновиве склучивме договори за набавка. Инвестицијата за нова производна линија е 2,5 милиони евра а со неа очекуваме повеќекратен ефект: зголемување на капацитетот за постоечките производи, лансирање на нови производи и брендови на пазарот, нова современа амбалажа и поконкурентно производство. Ние сме сигурни дека со овие инвестиции Макпрогрес ќе биде чекор понапред во исполнување на визијата: да се биде лидер во кондиторската индустрија во регионот на Централна и Југоисточна Европа и дека растот ќе биде во рамките на дваесетина проценти.

Кои се најголемите предизвици според вас со кои што ќе се соочат компаниите следната година? Што сметате дека треба да се подобри во бизнис климата за да може фирмите подобро да работат?

Како најголеми економски предизвици и понатаму ќе бидат обезбедувањето на ликвидност во работењето и обезбедувањето на квалитетна работна сила. Во општина Виница има многу ниска невработеност која е на ниво од 8% од кои активни баратели на работа се само 4%. Нашите напори и понатаму ќе бидат да се задржат постојните и да се привлечат нови кадри на кои ќе се базира понатамошниот раст на компанијата. Подобрувањето на патната инфраструктура во источна Македонија и гасификацијата би биле големо олеснување за деловното опкружување.

Со подигање на квалитетот на живеење во нашиот регион очекуваме и нашите иселеници да се вратат во Виница и да се вработат во локалната економија која има голема потреба од обучени кадри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×