Глобална краудфандинг платформа достапна на македонскиот пазар
Објавено на од во Компании
Глобалната краудфандинг платформа „Фандербим“ првпат станува достапна на македонскиот пазар, што значи можност за пристап до финансии за компаниите, како и можност за вложување на инвеститори во компании кои се во почетна фаза на развојот.
Screenshot_9(Магазинот Капитал неодамна обави поголема тема за crowdfunding финансирањето кое може да ја прочитате на следниот линк.)
За таа цел денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу потпретседателката на Сојузот на стопански комори, Габриела Кулебанова и извршниот директор на Берзата, Иван Штериев.
На присутните компании членови на Сојузот, им беа презентирани можности за пристап до  платформата која овозможува поврзување со 200.000 приватни компании и 17.000 инвеститори.
Како што информираше Штериев, целта на Меморандумот е почнување на интензивна соработка помеѓу двете институции во доменот на размена на информации, едукација и создавање партнерство во функција на идно поповолно деловно окружување.
„Имајќи го ова предвид, Берзата во наредниот период ќе иницира низа активности наменети за членовите на Сојузот на стопански комори, со цел генерално да се претстават можностите и придобивките на пазарното финансирање, процесот на иницијална јавна понуда и котација на берза. Во тие рамки, денес за членките на Сојузот беше извршена презентација на глобалната иновативна краудфандинг платформа Фандербим, со која Берзата има склучено ексклузивен договор за соработка. Преку оваа платформа македонските стартапи, но и малите и средни претпријатија, добиваат можност за пазарно финансирање, локално и глобално, во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал“, истакна Штериев.
Според Кулебанова, неопходно е подигнување на свеста за различните модели на финансирање, кои се од големо значење особено во денешните услови на отежнат пристап до финансирање. – Токму затоа, Сојузот на комори сака да ги направи подостапни сите можности кои се нудат за влез на средства во домашните компании, со долгорочна цел – градење на силен национален приватен сектор. Неопходно е нашата земја да биде во чекор со глобалните финансиски текови и средствата кои се вложуваат во компаниите и во нивниот развој да бидат достапни и за македонските компании, рече Кулебанова и додаде дека во соработка со Македонската берза која има пристап до интернет платформата „Фандербим“ за финансирање се отвора нова можност за компаниите.
Интернет платформата Фандербим функционира преку принципот на креирање кампањи за собирање средства, таканаречени – краудфандинг. На присутните компании членови на Сојузот, им беа презентирани можности за пристап до глобална интернет платформа Фандербим – за финансирање и трговија која овозможува поврзување со 200.000 приватни компании и 17.000 инвеститори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×