Глобалната економска клима е сериозно влошена
Објавено на од во Економија
Економските перспективи се влошија во сите делови на светот во текот на летото поради ескалацијата на трговскиот спор меѓу САД и Кина, покажаа денес резултатите од едно истражување.
доњнфаллКварталното истражување на германскиот економски институт IFO, во кое учествуваа скоро 1.200 експерти од повеќе од 110 земји во светот, исто така укажа на поголемо незадоволство на компаниите од тековната деловна состојба и влошување на идните перспективи.
Индексот за деловна доверба, според IFO падна на минус 10,1 поени во третиот квартал од минус 2,4 поени.
За развиените економии и азиските земји во развој, експертите ги ревидираа надолу своите проценки за моменталната состојба и идните очекувања, додека во Латинска Америка, Комонвелтот на независни држави, Блискиот исток и Северна Африка, само проценката на тековната состојба беше негативна, а проценките за наредните месеци генерално остана непроменета.
„Експертите очекуваат значително помал раст на светската трговија“, рече претседателот на Ифо, Клеменс Фуест, додавајќи дека трговските очекувања во моментот се на најниско ниво од избувнувањето на трговската војна минатата година.
„Испитаниците очекуваат помала приватна потрошувачка, помала инвестициска активност и намалување на краткорочните и долгорочните каматни стапки“, додаде Фуест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×