Глобалната финансиска криза не е завршена, следува трет бран
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Goldman fotoГлобалната финансиска катастрофа, која почна пред седум години со колапсот на инвестициското банкарство и пазарот на хипотекарни кредити во САД, влезе во третата фаза, вели тимот на аналитичарина Goldman Sachs.
Третиот бран на кризата се карактеризира со ниски цени на суровини, забавување на економскиот раст на Кина и другите економии во развој, ниска инфлација на глобално ниво, вели Петер Опенхајмер, аналитичар на Goldman Sach.
Овие три фактори се резултат на одговорот на првите два брана на кризата, колапсот на банките и европската должничка криза, а сето тоа е дела од т.н. должнички суперциклус од претходните неколку децении.

Централните банки побрзаа да ги намалат каматните стапки како одговор на првите две кризи, охрабрувајќи ги инвеститорите да се свртат кон пазарите во развој како Кина, на кои можат да остварат солиден поврат на средствата.
Сега, кога по се изгледа дека каматните стапки ќе растат, инвеститорите се повлекуваат од секторите на суровини кои се тесно поврзани со судбината на економиите во развој.
“Кризата во земјите во развој беше поврзана со првиот бран на кризата. По колапсот на хипотекарниот пазар во САД, ниските каматни стапки придонесоа за раст на кредитирањето, пред се во Кина. Кога тоа ќе го споите со обидите на Кина да ја трансформира својата економија и со глобалниот пад на цените на суровините, добивате нова криза”, велат од Goldman Sachs.
Со принос на обврзниците близу до нула и репо стапки на историски минимум, расте загриженоста во поглед на одржливоста на долгорочниот поврат на средствата вложени во пазарите во развој, посебно ако дефлаторните сили продолжат да се продлабочуваат.

Кога централните банки во развиените земји ќе почнат да зборуваат за подигање на каматите, поточно на каматите на сигурни средства, како државни обврзници, ќе се намали заинтересираноста на инвеститорите да ризикуваат во странство за да добијат солиден поврат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×