Внимаваме и сме фокусирани преку дигитализацијата да понудиме: квалитет, брзина, одлично корисничко искуство и сигурност, како главни конкурентски предности во користењето на банкарските услуги на Банката. Повеќе од 80% од услугите во платниот промет се користат преку дигиталните канали, што укажува на тоа дека клиентите ги препознаваат наведените придобивки.
Дигитализацијата веќе не е опција, туку неопходност за сите компании, без разлика на големината и секторот. Таа овозможува унапредување на процесите на работа и подобрување на конкурентноста. Бројните истражувања, како и праксата, покажуваат дека дигитализацијата е корисен процес, институциите што спровеле дигитална трансформација оствариле поголем раст.
Дигитализацијата и воведувањето на иновации во банкарските сервиси подолго време се дел од развојната стратегија на УНИ Банка АД Скопје, која како динамична и модерна банка има за цел да воведе напредни дигитални решенија, кои водат до бројни функционалности и дополнителни можности за корисниците.
Секојдневно се зголемува бројот на клиенти на УНИ Банка кои ги користат банкарските услуги преку мобилното и електронското банкарство и ги уживаат предностите на новото време. Банката ја унапреди и својата веб страница, креираше различни апликации се со цел да овозможи врвно корисничко искуство на своите клиенти. Со младиот и амбициозен тим на Банката во дирекциите: Картично работење, Платни системи и Информатички технологии раководи г-дин Гоце Сиваков, со кого разговараме на теми поврзани со дигитализацијата и иновациите во банкарството.
Колку е дигитализирана УНИ Банка?

УНИ Банка е скоро целосно дигитализирана. Односно, услугите кои ги нуди Банката, а не можат да се искористат преку дигитални канали се сведени на минимум. Внимаваме и сме фокусирани преку дигитализацијата да понудиме: квалитет, брзина, одлично корисничко искуство и сигурност, како главни конкурентски предности во користењето на банкарските услуги на Банката. Повеќе од 80% од услугите во платниот промет се користат преку дигиталните канали, што укажува на тоа дека клиентите ги препознаваат наведените придобивки.
Оставаме еден дел, “човечки контакт”, кој упатува на стручноста и професионалниот кадар во Банката, најмногу во делот на деловно советување на клиентите и нивно воведување во дигиталните услуги на Банката.
Дигитализацијата е дел од нашето секојдневно работење. Процес кој веќе одамна е започнат во УНИ Банка, а корисниците веќе ги користат неговите придобивки, како на пример побрз и поедноставен пристап до банкарските продукти. Со тоа компаниите и индивидуалните корисници заштедуваат време и средства, а притоа ја користат удобноста, ефикасноста и сигурноста во работењето преку дигиталното банкарство од друга страна.
За нас дигитализацијата е начин да обезбедиме поголема функционалност во работата и одлично клиентско искуство. Задоволството на клиентите е наш приоритет и токму затоа во континуитет вложуваме во унапредување на дигиталните канали, но и услуги и продукти. Доколку во 2019 година застапеноста на плаќањата со е-банкарство учествуваа со 42% од вкупниот платен промет во Банката, денес тој процент изнесува повеќе од 80%, што нè вклучува меѓу дигитално најнапредните банки во земјава.
Веќе не е прашање дали ни треба, туку колку напредни и иновативни ќе бидеме на тоа поле. А доколку ги прашате нашите корисници, Ве уверувам дека сме многу напред од секој аспект.
Што овозможуваат дигитализацијата и новите технологии во поглед на зголемување на ефикасноста на Банката?
Дигитализацијата, покрај тоа што носи предности за клиентите – брзина, сигурност, достапност, влијае и на подобрување на ефикасноста на Банката. Времето, поминато со клиентите, сега веќе е повеќе насочено кон конструирање на квалитетни решенија на нивните финансиски предизвици и потреби. Тоа создава поголемо ниво на задоволство и лојални клиенти и ефикасно оптимизирање на ресурсите на Банката.
Пред сè, оптимизирање на сите работни процеси во Банката, побрза обработка на податоците, полесен и потранспарентен увид во документацијата, само со еден клик, подобра контрола и анализа на работењето и секако поголема безбедност и сигурност на сите банкарски процеси. Ни овозможи подобар сервис за клиентите, побрз одговор на секое нивно барање, ново корисничко искуство и поголемо ниво на задоволство. Сето тоа влијаеше и на зголемено користење на електронските канали за банкарските услуги, бидејќи клиентите многу брзо се уверија во предностите. Важно за поддршката на овој процес беше што и самите вработени во УНИ Банка беа доста конзистентни и упорни во едукацијата со цел да се променат некои стари навики.
Еден од новитетите кои ги воведовте е мобилната апликација My Unibank. Кои се придобивките од неа?
Новата апликација My Unibank е со модерен изглед, подобрен кориснички интерфејс, високо ниво на сигурност, лесна навигација и зголемен број на функционалности. Новите функционалности, покрај новиот модерен изглед, се создадени со цел на брз, практичен и иновативен начин, корисниците да ги завршат своите потреби за банкарски услуги.
Како поспецифични услуги би ги издвоиле:
• Мој буџет – Финансиски советник, алатка која има за цел да помогне во креирање на месечниот буџет и контрола во спроведувањето;
• Можност за најава и потпишување на налози со Биометрија;
• Push нотификации за приливи и одливи;
• Плати на пријател брзо и едноставно префрлување на средства на Вашиот пријател со сметка во Банката, само со избор на неговиот контакт во телефонскиот именик;
• Побарај пари од пријател (преку листата на телефонски контакти);
• Увид во состојбата на сите денарски и девизни сметки, кредитни картички, депозити;
• Едноставен начин на плаќање режиски трошоци и трансфер на средства кон сите физички и правни лица;
• Плаќања во странство;
• Курсна листа и договарање на курс;
• Можност за менувачница (конверзија на средства од една во друга валута);
• Можност за експорт во PDF на налози и промет од сметка во период;
• Едноставна и брза постапка за авторизација на нов мобилен уред;
• Лоцирање на најблиските банкомати и експозитури.
Сè поголем е бројот на физички лица кои користат картички од брендот Mastercard® и Visa® издадени од УНИ Банка. Која е причината за тоа?
Како основен продукт преку кој имаат пристап до своите средства, со порастот на бројката на клиенти расте и бројката на издадени картички. Покрај, електронското и мобилното банкарство како канали за плаќање, со картичките на УНИ Банка се вршат плаќања на продажни места во земјата и странство, како и плаќања на интернет, кои исто така забележуваат пораст.
Во УНИ Банка АД Скопје секој клиент е почитуван и важен. Секогаш имаме време да разговараме за потребите на нашите клиенти и тоа создава доверба и взаемна почит.
Сигурноста на интернет плаќањата, широката малопродажна мрежа за плаќање во трговски објекти, како и бројните попусти овозможени кај нашите соработници се силен поттик за користење на Mastercard® и Visa® картичките на УНИ Банка. Со нив плаќањата се сигурни, а клиентите воедно добиваат бројни поволности.
УНИ Банка меѓу првите воведе бесконтактна технологија за плаќање со Mastercard® и Visa® картички. Бесконтактната технологија овозможува реализирање на плаќања без внесување на ПИН до определени износи, на сите продажни места во земјата или странство каде POS терминалот има ознака за бесконтактно плаќање и притоа ги прави плаќањата едноставни, брзи и удобни за клиентот. Значајна придобивка е и тоа што на POS терминалите на УНИ Банка е овозможено плаќање на рати, со што на клиентите им овозможуваме подобро управување со својот буџет.

Зошто еден млад човек треба да има Mastercard® издадена од УНИ Банка АД Скопје?
Младите луѓе во своето динамично секојдневие многу рано се соочуваат со потребата за извршување на најразлични плаќања и соодветно имаат потреба од едноставни и брзи начини за користење на својот буџет. За таа цел овозможивме бесплатна Mastercard® дебитна картичка за млади заедно со бесплатна бесконтактна стикер картичка со кои младите може да плаќаат насекаде. Особено практична примена има стикер картичката која се лепи на мобилен телефон, приближувате и плаќате без да носите паричник. Едноставно, корисно, функционално! Со понудата на картичка за млади, како и сметката за млади со бројни поволности, УНИ Банка кај младите ја поттикнува и помага нивната финансиска независност, а со тоа тие учат да донесуваат информирани одлуки, разбирајќи дека парите се ресурс кој бара внимателно ракување.
Безбедноста во платните системи е императив за Банката. Што правите на ова поле?
Прашањето за безбедност и сигурност во платните системи, заштитата на приватните информации, безбедно онлајн банкарство, се работи на кои УНИ Банка АД Скопје посветува огромно внимание, со цел да обезбеди максимална заштита.
Обезбедуваме сајбер – безбедност, применуваме функционални мерки за заштита на нашите корисници, а истовремено сме секогаш достапни за најдобрите совети и практики со цел онлајн заштитата да биде на највисоко ниво.
Истовремено вложуваме во подобрување на финансиската писменост, едукација и зајакнување на клиентите за да можат да носат информирани одлуки и да ја превземат контролата во свои раце.
За крај би истакнал дека дигитализацијата е процес кој треба да се имплементира во целото општество. Освен за компаниите и финансиските институции, треба да се направи значителен напор и за дигитализација на услугите од државните институции, со што би се добила компактна дигитална средина на целото општество, од која најголема корист би имале самите граѓани за нивно посигурно и побрзо обезбедување на нивните потреби, како и институционалното опслужување на компаниите. Само така можеме да постигнеме развој на економијата, зголемување на конкурентноста, зголемена ефикасност и оптимизација на трошоците.
Истовремено е важно да имаме и стабилни, сигурни и доверливи банки, кои го следат пулсот на компаниите и економијата и кои и во иднина ќе креираат иновативни дигитални банкарски продукти со основна цел успешен раст и развој на компаниите. За УНИ Банка АД Скопје успехот се мери по степенот на задоволство на своите корисници и тоа ќе остане така и во иднина. Дигитализацијата, сигурноста на сервисите, вештачката интелигенција, зелените проекти, ЕСГ сегментот, раст на учеството на мобилните плаќања се работи кои се дел од нашата долгорочна стратегија и на нив ќе бидеме посветени и во иднина.




















