Година на танцување по нервите
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

New Year 2018 with Earth PlanetСветот во 2018-та

Што нè чека

“Светот во 2018 година“, годишното издание на “The Economist”, предвидува дека 2018 година ќе биде година на “танцување по нервите“, бидејќи луѓето од целиот свет ќе се обидуваат да ги избегнат тензиите во политиката и зависноста од  технологијата. Но, светот, исто така, може да очекува  економски раст со респектабилна динамика, како и вперување на сите погледи во неколку глобални настани, вклучувајќи ги Зимските олимписки игри и Светското првенство во фудбал. Даниел Франклин, уредник на “Светот во 2018 година“, вели: “Тоа ќе биде критична година на многу фронтови, вклучувајќи нуклеарен предизвик во Северна Кореја, преговорите за  Брегзит, економски реформи во Кина и среднорочни избори во Америка, како и претседателските избори во Бразил и Мексико. Ќе видиме интригантни битки за влијание, идеи и лидерство “.

 


GERMANY-G20-SUMMITТрампизам  Vs  Макронизам

Ќе видиме натпревар помеѓу  отворени и затворени погледи на светот.  Додека американскиoт претседател  Доналд Трамп се фокусира на неговата кон внатре насочена агенда  “Америка на прво место”, францускиот претседател Емануел Макрон ветува нов вид на про – глобализациски социјален договор, којшто  ја зајакнува конкуренцијата и претприемништвото, истовремено заштитувајќи ги работниците што губат. Макрон  ќе се претвори во современ еквивалент на Теодор Рузвелт, американскиот претседател најмногу поврзан со т.н. Прогресивна Ера.


Izbori Brazil, Meksiko WEB 948Битни избори во Бразил, Мексико, Италија и во САД, за Претставничкиот дом

Еднаш на секои 12 години изборите во двата гиганта на Латинска Америка, Бразил и Мексико, се совпаѓаат; таму и во другите земји во големата изборна година во регионот гласачите ќе бараат политичко освежување  и крај на корупцијата. Бурните  избори во Италија би можеле да го заслабнат  економското заздравување на земјата. Во САД пак, демократите би можеле  да победат во тесна борба за Претставничкиот дом, отворајќи го патот за можниот импичмент на Доналд Трамп.


Rusija Mundijal Korea WEB 948Политичко – економски коктел на Зимските олимписки игри во Ј. Кореа и Мундијалот во Русија

Два големи спортски настани  ќе го привлечат вниманието на светот догодина. Јужна Кореја ќе ги одржи Зимските олимписки игри среде актуелната закана од нуклеарната сила на север. Русија ќе го одржи Светското првенство во фудбал во чувствително време за односите на земјата со Западот и кусо по изборите кои ќе му дадат на Владимир Путин уште еден мандат како претседател. И во двата настани, спортот ќе се натпреварува со политиката.


Zbogum vladeteli Saudiska Arabija WEB 948Збогум од владетелите на Јапонија, Куба и Саудиска Арабија

Јапонскиот цар Акихито се подготвува да се повлече, кубанскиот претседател Раул Кастро исто така, саудискиот крал Салман можно е  да абдицира во корист на еден од неговите синови. Но, многу лидери коишто го злоупотребија своето “добредојде“ (како што е Николас Мадуро во Венецуела) ќе се обидат да ја зачуваат својата фотелја.


Sinhroniziran ekonomski rast WEB 948Синхронизиран глобален економски  раст, конечно

Десет години по почетокот на Големата рецесија, ќе почне да се шири чувство на поголемо закрепнување на светската економија. На  многумина може да им се чини  како 2018 да е само почеток на вистинското закрепнување, но всушност тоа може да се приближува кон крајот:  светската економија има тенденција да влегува во  рецесија на секои осум до десет години, а последната заврши во  2009 година. Која е најверојатната  причина за следниот циклус? Централните банки премногу ја заострија политиката  и премногу брзо.


Marsh na akronimite WEB 948Маршот на акронимите: GDPR, MiFID2, PSD, COP24, GNH, 5G, AI

Новите европски правила за податоци (GDPR) и финансии (MiFID2, PSD) стапуваат во сила. Конференцијата за климатските промени што ќе се одржи Полска (COP24) ќе го разгледа напредокот на Парискиот договор. Бутан започнува интригантен експеримент за примена на својот индекс “бруто национална среќа” (GNH) во бизнисот. А  во клучните технолошки достигнувања, комерцијалните дронови ќе се развиваат побрзо благодарение на правилата  за “remote ID“, следната генерација на мобилна технологија (5G) ќе дебитира на Зимските олимписки игри, а  и вештачката интелигенција (AI) ќе  навлегува во сè повеќе и повеќе области.


Borba protiv tehnoloski ginovi WEB 948Борба против технолошките џинови

Политичарите ќе ги раздразнуваат  технолошките гиганти – Фејсбук, Гугл и Амазон особено –  со тоа што ќе ги “почестат“ со разни казни,  регулации  и построго  толкување на правилата за конкуренција, што во  21-от век е еквивалент на американската антимонополска ера. Ќе има и поголем притисок за транспарентност во врска со потеклото и точноста на онлајн содржините. Исто така и преземањата што ги прават технолошките џинови ќе бидат под поголема лупа како што антимонополските власти ќе стануваат поостри во обидите да откријат кој сака да преземе некого за да го елиминира пред овој да му стане сериозен конкурент.


Polovina svet internet WEB 948Половина свет веќе има пристап до интернет

За прв пат во 2018 година, пристап до интернет ќе има 50% од населението на Земјата, изјави Џозеф Инсел, маркетинг аналитичар во американскиот US Trust. Според него, глобалното ширење на интернетот не само што ќе ја стимулира побарувачката во многу сектори ширум светот, туку и ќе го забрза пробивањето  на нови технолошки граници. Овие два тренда се особено корисни за американските лидери во технологија и новите технолошки гиганти во Кина.

Статистичката платформа, Statista,  предвидува дека следната година Кина ќе ги надмине САД како најголем дигитален пазар во светот со обем од 765 милијарди долари.


Aziskite zemji na vrvot WEB 948Азиските земји на врвот

Азиските земји ќе бидат светски шампиони во 2018 година – веројатно не во фудбал, туку во некои други области. Бутан се очекува да влезе во првата лига на држави со висок економски раст;  Кина би можела да ја надмине Италија и да стане број еден во однос на локациите на светско наследство на листата на УНЕСКО;  Индија планира да ја заврши  највисоката статуа на светот, од Валабхабја Пател, “татко на модерната Индија“, во Вадодара,  во западната индиска  држава Гуџарат.


Lugje okolu mesecinata WE 948Помалку новородени бебиња, луѓе околу месечината и гигантски бродови

Предвидувањето на трендовите за  2018 година вклучува и, во демографијата, намалување  на бројот на бебиња родени во целиот свет; пораст  на приватни вселенски бизнис потфати,  што најдраматично се гледа преку планот на  SpaceX на Илон Маск да испрати туристи околу Месечината; преференцијата  на потрошувачите за погломазни  автомобили што ќе се види преку продажбата на спортските теренци и нивните “блиски роднини“ која што ќе ги надмине  продажбите на сите останати нови возила; и трендот кон гигантизам во морето прикажан во лансирањето на Prelude FLNG, најголемиот брод во светот, тежок колку шест носачи на авион


Nova era vo medicinata WEB 948Нова ера во медицината

Медицинските историчари во некое идно време  ќе ја опишат 2018 како година кога напредните лекови–генски терапии ќе почне да  стануваат реалност. Најважното  обележје ќе биде одобрувањето на првиот светски т.н. RNA interference лек, што ќе го најави доаѓањето на новата класа на лекови. Ако имаме среќа, ќе ја испратиме детската парализа конечно во историјата.


 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×