Годинава од Буџетот ќе се потрошат 140 милиони евра за земјоделски субвенции и рурален развој
Објавено на од во Економија

Земјоделие 1Годинава Владата планира од буџетот да одвои 140 милиони евра кои ќе им бидат ставен на располагање на земјоделците за субвенциите и за рурален развој. Најголем дел парите или 137 милиони евра се наменети за финансиска поддршка на земјоделското производство.

Од вкупните пари наменети за земјоделието нјголем дел ќе се потрошат преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од 8,4 милијарди денари или 137 милиони евра, кои се предвидени за директна финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој.

Директните плаќања изнесуваат околу 107 милиони евра, а преку Програмата за рурален развој ќе се инвестираат околу 30 илјади евра во создавање на производи со висока додадена вредност, модернизирање на агро-секторот и развој на руралните средини.

Исто така, од Министерството за земјоделие информаираат дека се подготвува и новата пет годишна програма за субвенционирање во 2018-та година со која детално се поделат предвидените парите од планираниот земјоделски буџет.
Главната цел на оваа програма е со нови технологии и инвестиции да се зголеми конкурентноста во секторот.
Во случај на кризи кои влијаат врз производството или движењата на пазарите во новата пет годишна програма на Министерството за земјоделство е предвидено формирање на интервентен фонд со најмалку 6 милиони евра преку кој ќе се врши стабилизирање на приходите на земјоделците.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×