Годишна берзанска конференција: Првите месеци навестуваат рекордна година за берзата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во првите три месеци од 2018 година вкупниот промет со хартии од вредност на берзата е најголем во последната деценија, изјави извршниот директор на Македонската берза, Иван Штериев, на отворањето на 19. Годишна берзанска конференција што се одржува во Охрид.

Според податоците што тој ги подели пред присутните, вкупниот промет на берзата до вчера изнесувал 82 милиони евра, што е повеќе и од целиот годишен промет минатата година, од 77 милиони евра.

Штериев рече дека расте тргувањето и со активите и со обврзниците, а продолжува и трендот на пораст на цените. Берзанскиот индекс МБИ10 пораснал за 16%.

„Овие показатели не значат дека треба веднаш да ставиме розови очила, бидејќи така ќе ни се замати погледот, особено во далечина. Сѐ уште има бројни проблеми, се тргува постојано со исти финансиски инструменти, а компаниите развојот не го гледаат преку пазарот на капитал, и учеството на странските инвеститори во прометот е многу ниско“, изјави Штериев.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, исто така размислува оптимистички, истакнувајќи го двоцифрениот раст на индустриското производство и на извозот од почетокот на годината. Тој изјави дека довербата на инвеститорите во економијата се враќа, а тоа го докажало и огромниот интерес за еврообврзницата што ја издаде државата и 30-годишната обврзница минатата недела.

„Македонија влегува во позитивна насока. Растот од 3,2% годинава е реално остварлив, што го потврди и Народната банка вчера. Нашата цел е многу повисока од оваа стапка на раст, но ова значи дека е крај на кризата, и полека се движиме кон посакуваните стапки“, изјави Тевдовски и додаде дека стабилизирањето на политичката ситуација и позитивните движења во евроатланските интеграции дополнително ќе ја стимулираат економијата кон раст.

Меѓу другото, министерот пред присутните истакна дека годинава и 2019 година нема да има промена во оданочувањето на капиталните добивки, а вчера е изгласана и одлуката за продолжување на задолжителната котација на берзата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×