Годишна конференција за цврст отпад на МаСВА: Користењето на отпад е инвестициска можност за Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
„Неброени финансиски средства фрламе во ѓубре. Бизнис потенцијалот во поглед на правилната употреба на отпадот е неограничен“ ова е една од главните пораки на годишнава конференција под наслов „КОРИСТЕЊЕ НА ОТПАД КАКО ИНВЕСТИЦИСКА МОЖНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА“ во организацијата на Македонската Асоцијација за Управување со Цврст Отпад- МаСВА, која денеска се одржува во Скопје.
IMG_3216

Според Кристоф Детлер, координатор на Здружението на фламански градови и општини од Белгија, технологијата за поефикасно користење на отпадот одамна постои во развиениот свет и потрбена е воља за да се искористи.

„Мојата земја Белгија е една од позитивните примери од кои можат да учат земјите кои се на пониско ниво на процесуирање на отпадот. Она што треба да ги мотивира да учат се нашите навистина позитивни искуства и во поглед на екологија и во поглед на финансии. Низ сите овие години занимавање со оваа проблематика констатиравме дека навистина голем дел од земјите во светот неброени финансиски средства фрлаат во вода“

IMG_3230Со констатациите на Детлер се согласи и Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири кој ја отвори конференцијата.

„Првиот чекор во насока на подобрување на состојбите со отпадот е секако поврзувањето помеѓу земјите и размена на искуствата во оваа насока. Затоа ваквите конференции даваат голем придонес во напредокот на оваа проблематика и очекуваме конкретни резултати од денешнава конференција“

На конференцијата на МаСВА во тек се трите сесии посветени на Воспоставување на интегрирано управување со отпад во регионот на ЕУ, Медитеранот, Блиски исток и Југоисточна Европа, Искористување на отпадот како инвестициска можност во РМ и Бизнис заедницата во областа на управување со отпад . Во текот на трите сесии свое излагање ќе имаат 14 интернационални 4 домашни екперти и компании во доменот за Управување со отпад.

МаСВА, е формирана врз основа на европските трендови за промовирање на одржлив развој и IMG_3224реализација на одржливото управување со отпадот во Македонија, а преставува конзорциум од шест правни лица. Идејата е реализирана во декември 2013 година , со формирање на – МаСВА како невладина и непрофитна организација, со цел за доминација на практични стручни знаења и професионално управување со отпадот. Веќе во 2015 година МаСВA станува полноправен национален член и претставник на Македонија во Меѓународната организација за цврст отпад ISWA – International Solid Waste Association. Денеска МаСВА брои 20 активни члена со тенденција за рапидно проширување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×