Годишната конференција на Македонската берза ја собра финансиската елита во Охрид
Објавено на од во Економија
Денеска во Охрид се одржува дваесеттата годишна конференција на Македонската берза. На отворањето на конференцијата е најавено обраќање на премиерот Зоран Заев, претседателот на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и главниот извршен директор на Македонска берза Иван Штериев.
Berza konferencija
Специјална воведна презентација на Конференцијата ќе има Флоријан Бибер, директор на Centre for Southeast European Studies од Универзитот Грац во Австрија на тема “Геополитика на Западен Балкан – што да очекуваат инвеститорите”?.
Првиот панел на денешната Конференција е посветен на Финансирање на корпоративниот развој, а учесници ќе бидат Peter Righi, Global Director, CEED Global, Дејан Калиников, извршен директор на СЕАФ Македонија, Tiziano Giovannetti, директор, Fintel Energija (First Serbian IPO), Ivana Gažić, претседател на Управниот одборна Загребската берза, Ларс Олофсон, извршен директор, Prio Startup LTD од Шведска.
На вториот панел кој е насловен “Година на обврзниците” на конференцијата ќе земат учество Владислав Хаџидинев, член на Управниот одбор и извршен директор на УНИ Банка, Дејан Николовски, раководител на Сектор за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг, од Министерство за финансии , Петар Трпески, директор на сектор за управување со корпоративни клиенти од Шпаркасе банка Македонија и Jim Turnbull, помошник директор, Debt Capital Markets – Local Currency and Capital Markets Development при EBRD.
На денешната Конференција е планирано да се доделат и повеќе награди, меѓу кои наградата “Кристално звоно” и други награди кои секоја година ги доделува Македонската берза за најтранспарентни котирани компании и овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2018 година.
Модератор на денешната Конференција на Македонската берза ќе биде Игор Петровски, уредник во Капитал.
Повеќе за агендата на денешната Конференција можете да прочитате на следниот линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×