Goldman Sachs: Биткоинот ќе стане како златото
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Bitcoin
Клиентите на големата инвестициска банка Голдман Сакс (Goldman Sachs) минатата недела добиле писмено известување, кое меѓу другото се однесува и на криптовалутите.

Аналитичарот Зак Пандл во писмото пишува дека изненадувачки високата побарувачка за биткоини во светот е генерирана од незадоволството на луѓето со постојните монетарни системи и банкарската инфраструктура. Тој извлекува заклучок дека криптовалутите во најблиска иднина би требало да станат нов облик на актива или имот во кои се чува богатството-како златото и другите сигурни и стабилни облици на актива.

Биткоинот во иднина на инвеститорите ќе им дава помалку приноси на долг рок, но својата цел ќе ја остварува со стабилната цена која ќе овозможи чување на богатството од девалвација на сигурен начин.
Затоа во бикотинот ќе почне да се инвестира на начин сличен како што сега е третманот кој го има златото.

Во истиот извештај се дава и негативна прогноза поврзана со цената на биткоинот и се изразува скептичност околу експоненцијалниот раст на вкупниот пазар на криптовалути. Но, постепеното прифаќање на криптовалутите и фактот дека тие функционираат, ќе натера се поголем број на луѓе да се свртат кон овој начин на инвестирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×