Голем протест на опозицијата во Албанија, Бериша најавува џиновско цунами
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Пред денешниот десетти „национален протест“ на албанската обединета опозиција, властите веќе ги преземаат потребните мерки,пред се во обезбедувањето на Владата, Парламенот и Министерството за внатрешни работи.
protesti-Albanija-MALTON-DIBRA-EPAПред овие објекти поставени се метални огради со бодликава жица, влезната врата на владата е заменета со метална,поставени се големи рефлектори кои овозможуваат осветлување на местата каде што ќе бидат стационирани полицските сили, а остануваат од претходнте протести сигурносните камери со висока резолуција,со цел документирање на протестот на опозицијата.
Два часа пред почетокот на протестот ,закажан за 20:00 часот денеска, ќе бидат распоредени полицските кордони. За бебедноста ќе бдат ангажирани 1.300 до 1.500 полициски службеници, потоа припадниците на сообраќајната полиција, единицата за брза интервенција, едницата „Шќипоња“ како и прпадниците на Националната гарда.
Вообичаено ќе има лоцирано и амбулантни и противпожарни возила,како и цистерни со вода,доколку има потреба за употреба на водени топови.
По повикот на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша за што поголема масовност, со статус на Фејсбук се јави и почесниот претседател на партијата, Сали Бериша,кој најави “џиновско цунами“ од народ против Еди Рама.
-Застрашувачко и џиновско цунами доаѓа против Едвин Кристаќ крадецот. Утре во 20:00 часот сите заедно во Тирана.Рама оди си.Победа,напиша Бериша.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×