Голем Самит – не помали куриозитети
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Хотелот „Хајат“ камуфлиран

Белградскиот хотел „Хајат“ во текот на Самитот на Кина и на земјите од источна Европа е практично претворен во кинеска територија – Ли Кечијанг е единствениот премиер што престојува во споменатиот хотел. „Хајат“, секако, е под највисоки мерки за безебедност, и никој, освен вработените во хотелот, не смее ниту да се приближи до објектот. Пред влезот на хотелот е поставена и темнозелена завеса (што наликува на камуфлажна) која треба да им оневозможи на љубопитните да видат кога Кечијанг влегува, односно излегува од хотелот.

Таблата на Пупиновиот мост ја разбранува српската јавност

mmpКога е во прашање мостот на Михалјо Пупин, што ќе биде отворен на 18 декември од страна на српскиот и на кинескиот премиер, Александар Вучиќ и Ли Кечијанг, вниманието на српската јавност особено го привлече плочата со генералиите за мостот, која многумина ги потсети на надгробен споменик.

Кинеска коза на српска поштенска марка

Како кинескиот хороскоп стана културно наследство на Србија? – се прашуваат Србите откако тамошната Влада со правилник одобри да бидат издадени нови 17 поштенски марки почнувајќи од 1 јануари 2015 година, од кои со една ќе се одбележи хороскопската година на козата. Последново во голема мерка отстапува од заложбата објавената на веб-страницата на Поштата на Србија, во која се вели дека „Поштенската марка е впечатлив културен и уметнички феномен, кој има значајна улога во промоцијатата на вредностите, на идеите, на наследството, на спецификите на едно општество“.

Кори Удовички задремала за време на говорот на кинескиот премиер

На маратонскиот прв ден од Самитот, многумина од учесниците „паѓале“ од замор. Во Палатата на Србија се појавиле гласини дека министерката за државна управа, Кори Удовички, дури и подзаспала за време на обраќањето на кинескиот премиер. Ли Кечијанг за својот подолг говор од најавеното се „искупил“ изјавувајќи дека одлучил да го научи срспкиот јазик поради оваа посета на Белград.

Ли Кечијанг меѓу Вучиќ и Рама

Распоредот за седење на Самитот, секако, на централното место го постави кинескиот премиер, Ли Кечијанг. А тоа што од неговата десна страна седеше премиерот на Албанија, Еди Рама, а од левата, српскиот му колега, Александар Вучиќ, многумина го протолкуваа во контекст на неодаменшната расправа меѓу двајцата, по провокацијата од Рама околу независноста на Косово.

Амбасадорот на Кина збеснал поради барањето за одложување на договор за заем

Српски Курир создаде дипломатски скандал фотографирајќи дел од СМС преписката меѓу директорот на Електростопанството на Србија, Александар Обрадовиќ, и чичкото на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Горан Ѓоковиќ. Најинтересен дел од размената на пораките е напишаното од Обрадовиќ, дека амбасадорот на Кина „полудел од бес“ кога го известиле дека Србија бара одложување на потпишувањето на договорот за заем за „Костолац Б“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×