Голема победа на Трамп- данокот на добивка во САД се намалува од 35% на 20%!
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

-Trump-Tax-Reform WEB 945Сенатот на САД ја одобри најголемата даночна реформа во последните 30 години

Намалувањето на даноците се очекува да ја зголеми вредноста на акциите на американските компании до нови рекорди. Но, дали историското намалување на корпоративниот данок од 35% на 20% ќе успее да ги врати американските мултинационални компании дома?

 

Американскиот Сенат ја одобри најголемата реформа на даночното законодавство од 1986 година наваму, која што ќе ги засегне сите, од мултинационалните корпорации,преку средниот и мал бизнис, па се до доходите на работниците.

Според Републиканците, кои застанаа зад реформите, тие ќе ја симулираат економијата. Според Демократите, кои категорично се спротивставија, оваа даночна реформа ќе им донесе корист само на Американците со највисоки доходи и во следните 10 години ќе го зголеми националниот долг за нови 1,4 трилиони долари, кој сега веќе изнесува високи 20 трилиони долари.

Во текот на неделата даночната реформа ќе биде потпишана и од претседателот Доналд Трамп, кога се очекува тој да ја објави првата голема законодавна победа на Републиканците, откако пред една година тие го освоија мнозинството во Конгресот и во Сенатот.

Конгресмените и сенатори Републиканци сметаат дека даночната реформа ќе им помогне на компаниите за отворање на нови работни места .
Даночната реформа беше избуткана низ Сентот без да се бара поддршка од опозицијата.Проектот, напишан на околу 500 страници, беше објавен јавно едвај неколку часа пред гласањето во петокот вечерта.

Победата во Сенатот е важна за Републиканците затоа што речиси една година откако се на власт не успеаја да изгласаат ниту еден позначаен закон. Освен тоа, оваа победа доаѓа во еден од најлошите периоди за Трамп,. Бидејќи неговиот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин призна пред судот дека го излажал ФБИ за врските на екипата на претседателот со Русија.
Првичната верзија на Законот беше претставена како даночни скратувања за околу 70% од семејствата од средната класа. Но, верзијата во Сентот покажува дека се зголемуваат даноците за милиони други семејства, бидејќи ги елиминира бројните ослободувања од државни, локални и индивидуални даноци од крајот на 2025 година.

Tax ReformЗа бизнисот работи стојат многу подобро. Корпоративниот данок се намалува од 35% на 20%,  а се предлагаат и големи даночни ослободувања за сопствениците на мали бизниси, кои не се организирани како традиционалните корпорации. Републиканците сметаат дека тоа ќе ја стимулира економската активност и на тој начин ќе се компензира загубата од 1,4 трилиони долари приходи во буџетот која ќе се случи заради ослободувањата и намалувањата на даноците.

Со последните измени се зголемуваат даноците на актива која корпорациите ја имаат надвор од границата, заради што се очекува многу американски мултинационални компании да ги вратат своите бизниси дома.
Планираното намалување на корпоративниот данок во САД, со цел да се дестимулираат американските компании да инвестираат или произведуваат во странство, може значајно да ја промени глобалната даночна рамка.
САД се меѓу малкуте држави што ги оданочуваат приходите независно каде се остварени. Така американските компании практично плаќаат двојни даноци – не само во државата во која продаваат, но и при репатрирањето на капиталот назад во САД. Повеќето други држави имаат територијален систем на оданочување, што ги исклучува приходите од странство, и ги оданочува само тие остварени во државата на продажба.

Поради тоа има широк консензус дека начинот на кој оданочувањето во САД моментално функционира не е ефективен и ѝ штети на економијата на државата, со тоа што ги тера меѓународните бизниси да ги преместуваат своите централи во странство, за да си ги намалат даночните расходи. А, исто така, тие ја чуваат и добивката во странство, инвестирајќи во ќерките компании таму, за да избегнат плаќање даноци во САД. Додека просечното ниво на корпоративниот данок во државите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е 25%, во САД тоа номинално е 35%.
Предлозите и на Трамп, и на Конгресот, предвидуваат единствена даночна отстапка за мултинационалните компании кои ќе одлучат да ја вратат добивката во САД. Моментално таа е со вкупна вредност од над 2,5 трилиони долари и 24% од неа се од само четири компании – Apple, Microsoft, Pfizer и General Electric.
Истражување на Economic Policy Institute покажува дека четирите гиганти, заедно со следните 46 компании држат три четвртини од офшор капиталот. Според сегашните правила, ако одлучат да се вратат во САД, тие ќе треба да бидат оданочени со ставка од 35%, а потоа трајно да ја реинвестираат добивката во државата, ако не сакаат да им бидат оданочувани и идните дивиденди. Според плановите на Конгресот и на претседателот, ќе биде објавен „ден на даночното олеснување“, на кој компаниите ќе можат да го вратат капиталот во САД и да платат само меѓу 8,75% и 10% данок.

„Премногу работни места се селат надвор од државата, премногу семејства од средната класа не можат да врзат крај со крај. Овој план за даночна реформа ги адресира директно овие предизвици“, пишува во програмата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Преминувањето на САД кон територијален даночен систем, и намалувањето на корпоративниот данок ќе имаат ефекти и надвор. Можно е ова да доведе до бран од даночни реформи во развиените држави, во обид да ја зголемат својата привлечност за мобилен меѓународен капитал, прогнозира професорот по економија на Харвард, Мартин Фелдстаин. А економиите во развој може да примат удар од очекуваното поскапување на доларот.
Професорот по даночно законодавство на Columbia Law School, Алекс Расколников, не верува дека реформата ќе предизвика значително враќање на извезените работни места, зашто моментално државата е во економски подем и ваква стимулативна мерка нема да направи особена разлика.

„Ако се има предвид дека намалувањето на ставката ќе доведе до зголемување на буџетскиот дефицит и на националниот долг, тешко може да се очекува од тоа да произлезе значаен економски раст“, вели Расколников.

Глобални последици

Ако во некаква форма биде прифатена, даночната реформа ќе доведе до сериозни последици и надвор од САД. Веројатноста барем намалувањето на корпоративниот данок да се случи е голема – и бизнисот, и мнозинството во Конгресот и Трамп – го сакаат тоа. Расколников смета дека ако тоа се случи, ќе биде отворена врата за „трка кон дното“ на глобалното корпоративно оданочување.

„Ќе одземе извесно време, но многу држави ќе побараат начин да создадат предност пред САД“, смета Расколников. Тој додава дека слична реакција имало од даночната реформа на Роналд Реган.

И нема да бидат засегнати само развиените држави. Дури самото споменување на даночната реформа веќе води до поскапување на доларот. Ако истата се воведе, смета Расколников, поскапувањето на американската валута ќе доведе до ситуација во која влади, банки, бизниси и клиенти со долгови во долари ќе купуваат уште од оваа валута за да ја исплатат главницата и каматата. Во Русија, во Мексико и во Турција долговите во долари на банките се 20-25% од БДП на соодветните држави. Резултат на поскапувањето ќе биде намалувањето на кредитните рејтинзи, задоцнети плаќања и други фискални дисбаланси. Каква и даночна реформа да излезе од Вашингтон, нејзините ефекти ќе бидат глобални.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×