Голема загуба на „Тесла“, и покрај рекордните испораки на електрични автомобили
Објавено на од во Компании
Американската компанија “Тесла” претрпе загуба од 408 милиони долари во вториот квартал, и покрај фактот што испорачала рекорден број на електрични возила. Сепак, оваа загуба е помала од неочекувано големата загуба од 702 милиони долари во првиот квартал, но сугерира дека “модел 3″ сè уште не е доволно успешен за да ја извлече компанијата од лошите резултати, проценува порталот “Верж”.
теслаИ покрај загубата, компанијата успеа да генерира приходи од 6,3 милијарди долари, додека 117 милиони долари од загубата се припишуваат на трошоците за реструктуирање поврзани со отпуштањата и затворањето на некои продажни места.
Тесла, исто така, соопштува дека компанијата го завршила првиот квартал со 5 милијарди долари во кеш, што е “највисоко ниво во историјата на Тесла” и првенствено е резултат на зголемување на капиталот од 2,7 милијарди долари во мај.
Во вториот квартал на “Тесла” беа произведени околу 87.000 автомобили и беа испорачани 95.200 единици, што претставува зголемување од 50% во споредба со претходниот квартал.
Компанијата, исто така, рече дека долгогодишниот раководител на технологијата Ј.Б. Штраубел ја напушта функцијата по 15 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×