Големи очекувања од средбата на премиерите на Северна Македонија и Албанија во Србија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Средбата со премиерите на Северна Македонија и Албанија во Србија на 9 и 10 октомври, најавена од претседателот Александар Вучиќ, ќе биде првиот чекор, откако таксите на Приштина ги убија сите иницијативи, да се започне со отстранување на бариерите за бизнисот во корист на секоја поединечна економија во регионот, изјави српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.
Zaev-RamaМожноста за формирање на „мал шенген“, што Вучиќ ја најави вчера во Њујорк по разговорите со Зоран Заев и Еди Рама, според Љајиќ, може да се прошири и на другите земји во регионот.
Тоа би било првото јадро каде може да се приклучат и други економии, оцени Љајиќ, потсетувајќи дека Србија инсистирала на создавање заеднички економски простор во Западен Балкан уште од почетокот на Берлинскиот процес, но станало јасно дека укинувањето на царините и вонцаринските бариери оди многу бавно.
„Затоа, Србија влезе во билатерални разговори со БиХ и Северна Македонија, со кои се отстранети девет од 13-те бариери, а две се решени и затоа таа средба со Заев и Рама ќе биде од голема корист“, кажа Љаиќ.
„Сите имавме корист од ЦЕФТА додека функционираше и секоја земја го зголеми својот извоз за 75 проценти. Понатамошното отстранување на бариерите ќе ги направи нашите земји конкурентни на меѓународниот пазар, бидејќи поинаку е ако работите со пазар од 20 милиони луѓе, а различно е ако се затвориме“, оцени Љајиќ.
Тој додаде дека ниту една држава помала од 10 милиони жители не може да почувствува раст на животниот стандард ако учеството на извозот во БДП не изнесува барем 50 проценти, а просекот во регионот е 28 проценти.
Љајиќ потсети дека Вучиќ во Трст предложил создавање заеднички економски простор, но многумина ја сметале иницијативата како замена за членството во ЕУ.
-Секоја земја во регионот сака да биде дел од ЕУ, а дотогаш сите треба да ја зајакнеме економија. Чекор кон тоа е да се отстранат бариерите што постојат во поголем или помал обем и што ги прават нашите производи поскапи за пет до шест проценти во однос на истите производи на други земји, кажа Љајиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×