Големите банки ги местеле каматите на државните обврзници?!
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европските регулатори за заштита на пазарната конкуренција покренаа истрага против неколку банки под сомнение дека се договарале за цените на државните обврзници, извести угледниот лондонски дневен весник, The Financial Times.

Европската комисија им испратила прашалници на неколку пазарни играчи барајќи од нив информации за цените на меѓународниот долг, долгот на државите и на државните агенции.

Истрагата е во почетна фаза, наведува FT.

Европските регулатори сакаат да утврдат дали банките формирале картел повикувајќи се на упатен извор близок на истрагата.

На тој пазар обврзниците ги издава Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и регионалните кредитори како што се германските регионални банки. Обврзниците обично се покриени со имплицитен или експлицитен залог.

Претходно Reuters во јануари извести, повикувајќи се на неколку извори  дека американското министерство за правда истражува четири лондонски трговци од со таков вид на долгови поради сомнежи дека можеби манипулираат со цените.

Министерството истражува обвиненија дека трговците и неколку банки ги договарале цените и ги споделувале информациите за одредени американски државни доларски обврзници во посебен комуникациски сервис на интернет, користен исклучиво за таа цел, наведуваат изворите.

Европските регулатори веќе изрекоа казни за некои банки од неколку милијарди евра поради договарање на клучните финансиски показатели, вклучувајќи и либор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×