Големите компании во САД почнаа да нудат платено породилно отсуство за да ги задржат вработените
Објавено на од во Компании

САД е единствената развиена земја во светот што не гарантира платено породилно отсуство на вработените. Токму ова прашање е тема што се почесто се дебатира во Америка.

Ваквата строга политика, како што пренесуваат тамошните медиуми, почна да влијае на заминување на кадрите од компаниите кои планираат да основаат семејства. Меѓу нив, заминуваат и кадри кои се многу потребни за компаниите.

Токму поради тоа, големите компании во САД започнаа да нудат платено породилно отсуство со цел да ги задржат своите вработени.

Последна таква одлука, пренесува Wall Street Journal, донесе гигантот во интернет продажбата Amazon, кој деновиве соопшти дека сите нови родители кои работат во компанијата ќе добијат шест недели платено отсуство, а новите мајки ќе добијат 20 недели платено  отсуство.

Ова е прв пат Amazon да им даде платено отсуство на татковците, а истото е резултат на истражувањето што Amazon го направил меѓу вработените.

Инаку право на вакво отсуство, како што соопштуваат од компанијата, ќе имаат сите вработени со полно работно време кои работеле за компанијата барем една година.

Најверојатно ваквата одлука на Amazon се должи на одлуката на другите компании кои почнаа да ги зголемуваат пакетите за бенефиции кои им ги нудат на вработените, меѓу кои и платеното породилно отсуство.

Само за потсетување, Netflix во август објави дека ќе започне да нуди „неограничено“ отсуство за сите нови мајки и татковци во компанијата се додека детето наполни една година. Од почетокот на овој месец и Microsoft започна да нуди најмалку 12 недели платено породилно отсуство.

Google нуди 12 недели за татковците, и 18 недели за новите мајки. Извршната директорка на YouTube, Сузан Војцички беше првата бремена жена во Google која рече дека подолгото породилно отсуство ќе помогне да се задржат вработените.

Изненадувачки е што САД е единствената развиена земја во светот што не нуди платено породилно отсуство. Во Велика Британија следуваат 39 недели платено отсуство, додека Австралија и Мексико по 18 недели, односно 12 недели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×