Големото Затворање поголема закана за економијата и од Големата Депресија
Објавено на од во МАГАЗИН

Glavna fotka 1Виртуелни пролетни состаноци на ММФ и Светска банка

ММФ ја ревидираше својата прогноза за глобалниот раст годинава, односно проценува дека светската економија нема да има раст воопшто, туку ќе се намали за -3% споредено со лани. Тоа е намалување на првичната прогноза за 6,3 процентни поени бидејќи првично проекцијата беше раст на глобалната економија од 3,3%. Меѓутоа, ова е сепак според пооптимистичкото сценарио. ММФ има предвид уште две сценарија. Едното доколку пандемијата се провлекува низ цела оваа година и рестрикциите траат 50% подолго од предвиденото, па во тој случај глобалниот раст би се намалил за дополнителни -3%. А доколку вирусот повторно благо се прошири и во 2021 година, ММФ прогнозира пад на светскиот бруто домашен производ (БДП) за дури -11%. За споредба, падот на глобалната економија во екот на Големата Рецесија од 2009 година достигна само -0,1%. За Македонија, ММФ пргнозира рецесија од -4%.
Големата Депресија од триесеттите години од минатиот век како феномен којшто служеше за пример за економска криза од огромни размери, добива сериозна конкуренција годинава. Големото Затворање како што меѓуанродните финансиски институции како ММФ и Светската банка го нарекоа овој период на целосно запирање на движењето на граѓаните низ цел свет за да се запре ширењето на коронавирусот, се заканува да уште остави посериозни економски последици.
ММФ ја ревидираше својата прогноза за глобалниот раст годинава, односно проценува дека светската економија нема да има раст воопшто, туку ќе се намали за -3% споредено со лани. Тоа е намалување на првичната прогноза за 6,3 процентни поени бидејќи првично проекцијата беше раст на глобалната економија од 3,3%.
Меѓутоа, ова е сепак според пооптимистичкото сценарио. ММФ има предвид уште две сценарија. Едното доколку пандемијата се провлекува низ цела оваа година и рестрикциите траат 50% подолго од предвиденото, па во тој случај глобалниот раст би се намалил за дополнителни -3%. А доколку вирусот повторно благо се прошири и во 2021 година, ММФ прогнозира пад на светскиот бруто домашен производ (БДП) за дури -11%. За споредба, падот на глобалната економија во екот на Големата Рецесија од 2009 година достигна само -0,1%.
Според економистите на ММФ, падот на економската активност најсилно ќе го почувствуваат рзавиените земји, и тоа просечно за -6,1%. Италијанската економија на пример, се очекува да падне за -9,1% споредено со лани, шпанската за -8%, француската за -7,2%, германската за -7%, додека пак на Велика Британија за -6,5%.
20-23-2За целата еврозона, падот е проектиран на -7,5% годинава и е поголем отколку прогнозата за американската економија која се очекува да се намали за -5,9%.
Главниот економист на ММФ, Гита Гопинат, објасни дека засега изгледите за Европа се полоши бидејќи Стариот континент е најсилно погоден од пандемијата, а освен тоа и првичните прогнози за растот биле пониски.
Од земјите во развој, Кина како најголема и најзначајна, се уште се очекува да оствари економски раст од 1,2%, но тоа ќе биде најниска стапка со децении наназад, додека пак растот на Индија се очекува да достигне 1,9%.
„Колку ќе биде силен ударот врз глобалната економија се уште не може најпрецизно да се каже, бидејќи постои голема неизвесност колку долго ќе трае овој шок, потребата да се запре ширењето на коронавирусот наметна мерки што ќе доведат до криза како нидена друга“, истакна Гопинат за време на виртуелното одржување на пролетните средби на ММФ и Светска банка.
На прашањето зошто ММФ разгледува само попесимистички сценарија и дали тоа значи дека можеме да очекуваме само полошо од ова, Гопинат одговори:
„Ризиците што преовладуваат сега се само надолни, ако го погледнете развојот на ситуацијата низ целиот свет. Но секако може да има позитивни вести. Може да има нова вакцина или да се развие нова терапија многу брзо и работите може да тргнат кон многу подобро. Но, во моментов, како што гледаме, негативните ризици преовладуваат. Разгледувавме различни сценарија и доколку се оствари најлошото, тогаш ударот врз глобалната економија бил бил огромен“, истакна главниот економист на ММФ, Гита Гопинат.
Делумно закрепнување во 2021
ММФ предвидува делумно закрепнување во 2021 година, кога проценува дека растот ќе закрепне на 5,6%, но Гопинат рече дека нивото на БДП ќе остане под нивото пред појавата на коронавирусот, со значителна неизвесност за брзината на заздравувањето.
Околу мерките што државите ги преземаат и преку фискалната и монетарната политика, Гопинат потврди дека најголем дел од земјите се фокусирани на разни начини да ги ублажат негативните ефекти.
„Големите, навремени и насочени фискални, монетарни и финансиски политики што веќе ги преземаат многу држави, значат живот и за домаќинствата и за деловните субјекти. Оваа поддршка треба да продолжи во текот на фазата на задржување за да се минимизираат постојните лузни што можат да произлезат од намалените инвестиции и загуби на работни места за време на оваа длабока рецесија. Креаторите на политиките исто така мора да мислат на закрепнување, во услови на мерки за ограничување, политиките треба да се префрлат брзо кон поддршка на побарувачката“, истакна Гопинат.
Според неа, фискалниот стимул што е координиран низ земјите кои имаат фискален простор е значителна придобивка за сите економии. Мораториум за исплати на долгови и реструктуирање на долгот според ММФ, можеби ќе треба да се продолжат во текот на фазата на закрепнување.
Таа истакна дека клучната улога во обезбедување на финансиската поддршка за земјите погодени од панедмијата треба да ја одиграат концесионалните кредитори каков што е ММФ и Светската банка.
„Мултилатералната соработка е неопходна за глобалното закрепнување. За поддршка на потребното трошење во земјите во развој, билатералните доверители и меѓународните финансиски институции треба да обезбедат концесиско финансирање, грантови и одложување на долговите. Ние како Меѓународен монетарен фонд, ја преземаме својата улога. Ставаме на располагање фонд од 1.000 милијарди долари за поддршка на ранливите земји, вклучително и преку инструментите за брзо финансирање и олеснување на на долговите на нашите најсиромашни земји членки и ги повикуваме и другите кредитори да го сторат истото“, истакна Гопинат.
Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, истакна дека тие размислуваат за нивните најсиромашни членки тројно да го зголемат фондот што ќе може да го користат во справување со последиците од пандемијата.
„Ке се концентрираме на заеми и на поддршка на политиките за да се намалат лузните на економијата предизвикани од банкроти и невработеност, со цел да се поддржи брзо закрепнување. И, со оглед на тоа што многу економии продолжуваат да се соочуваат со одлив на капитал и висок долг, ние сме подготвени да соработуваме тесно и со други меѓународни институции и форуми, како и со приватни чинители, да им помогнеме на нашите членки да пливаат подобро низ оваа криза и да излезат од поотпорни“, истакна Георгиева.
„Последиците се силни и во развиените земји и во економиите во развој. Оваа криза не знае за граници. Сите страдаат“, рече Георгиева и истакна дека околу 100 милијарди долари инвестиции веќе се одлеале од пазарите во развој, што е три пати повеќе од капиталниот егзодус забележан во светската финансиска криза во 2008 година.
20-23-3Песимистички прогнози и за македонската економија
А исклучок од голбалните трендови не е ниту македонската економија. Рецесијата годинава веќе не е само песимистичка загриженост туку станува факт откако најрелевантните меѓународни финансиски институции потврдија дека економската активност ќе опаѓа како последица на рестриктивните мерки за запирање на ширењето на коронавирусот.
Најпрво Светската банка, објави прогноза според која македонската економија годинава ќе падне за -0,4% во некое пооптимистичко сценарио доколку пандемијата би се смирила до јуни. Но ако кризата продолжи цела година, падот на бруто домашниот производ би достигнал до -2%.
Меѓународниот монетарен фонд пак, објави уште попесимистичка прогноза според која падот на економијата ќе достигне -4%.
Домашните институции иако првично покажаа поголем песимизам и креираа сценарија за намалување на буџетските приходи и до -60% што аналогно би значело дека падот на економијата би бил дури -35% годинава, сега прават нови проекции.
„Министерството за финансии работи на новите проекции за движењето на македонската еконимија годинава и мислам дека и нашите и прогнозите на Народната банка ќе бидат на иста линија како и оние на меѓународните финансиски институции. Добро е што оваа економска криза е од неекономска причина, што значи дека штом пандемијата почне да се смирува, очекуваме економијата многу брзо да закрепнува“, истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска.
И ММФ и Светската банка, освен негативните прогнози за пад на економијата, во исто време објавија и по една добра вест за нас. Најпрво ММФ одобри заем од 176,5 милиони евра што е двојно повеќе од првично бараната сума, и е всушност максималната квота што Македонија може да ја добие, а потоа и Светска банка потврди дека работи на програма за финансиска поддршка од околу 140 милиони евра. Во услови на пад на економската активност, кога се очекува намалување на приходите во државната каса а задолжувањето на меѓународните пазари на капитал е сосема неизвесно, ова е значајна финансиска поддршка.
Буџетот го доби првиот голем удар
Дополнително, во клучни моменти дојде поддршка и од домашните банки. Преку издавање на шест месечни и годишни државни записи, неделава Министерството за финансии доби од домашните банки 95,5 милиони евра. Во исто време, за отплата доспеаа државни записи во вредност од околу 24,4 милиони евра, што значи дека во државната каса остануваат околу 70 милиони евра.
Оваа аукција покажа дека банките имаат интерес да вложуваат во државните хартии од вредност иако пред две недели се воздржаа од купување записи, односно инвестираа во 15 годишни обврзници во износ 58% помал од бараниот.
Операцијата за задолжување кај домашните банки се случува и откако Народната банка ја намали основната камата на 1,75% и објави дека ја намалува понудата на благајнички записи за околу 130 милиони евра, ликвидност што дополнително се ослободува кај банките.
А дека финансирањето на јавните трошења е голем предизвик покажаа и најновите податоци за полнењето на државната каса што ги објави Управата за јавни приходи.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска истакна дека почнало да се чувствува тешкиот удар врз државната каса поради корона – кризата. Таа соопшти дека во првата половина на април има пад на приходите во буџетот за 38,15% во однос на истиот период лани.
„Падот е најголем кај приходите од ДДВ, за 29%, додека кај данокот на личен доход падот е 6% и кај данокот на добивка од речиси 10%“, рече Лукаревска.
Меѓутоа, појасни таа, во делот за ДДВ рокот за достава на пријавите е 25 април, при што разгледана е опцијата да се пролонгира рокот до крајот на месецот.
За месец март, кога до средина на месецот економијата функционираше нормално, а потоа затворија угостителските објекти, хотелите и сл., има пад на вкупните буџетски приходи од 12,28% во однос на истиот месец лани. Падот на приходите од ДДВ во март е помал за 16,85%, данокот на личен доход има помала наплата од само 1,11%, а од данокот на добивка се наплатени за 10,78% помалку пари.Кај социјалните придонеси, пак, УЈП бележи раст на приходите.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×