Google/Alphabet со раст на приходите, но помал од очекувањата на аналитичарите
Објавено на од во hi-tech & business

Google, односно холдингот Alphabet, ги разочара инвеститорите објавувајќи приходи што се помали од очекуваното за првото тромесечие на годината. Вкупните приходи пораснале од минатогодишните 17,26 милијарди долари, на 20,26 милијарди, но аналитичарите очекуваа приходи од 20,38 милијарди. И добивката пораснала од 2,5 на 4,2 милијарди долари, но поради послабите резултати од очекувањата, вредноста на акциите на компанијата по објавата на извештајот паднала за над 4%. Од Alphabet истакнуваат дека големо влијание имал силниот долар, поради што оствариле нешто послаби финансиски резултати од очекуваното.

Вообичаено, другите компании од холдингот Alphabet (значи, со исклучок на Google), имале „скромни“ приходи од одвај 166 милиони долари, и оперативна загуба од 802 милиони долари. Во 2015 година, во првото тромесечие, овие приходи беа 80 милиони долари, а оперативната загуба 633 милиони. Добрата новина е што приходите се зголемуваат подобро од расходите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×