Google ги претстави Pixel „двојките“ – обичната и XL верзијата
Објавено на од во hi-tech & business

Google вчера и официјално ги претстави своите нови Pixel смартфони, Pixel 2 и Pixel 2 XL. Вториот модел, јасно, е „перјаницата“ на понудата, со својот 5,99-инчен P-OLED (plastic OLED) екран во формат 18:9, со резолуција од 2880 x 1440 пиксели и густина на приказ од 538 точки по инч. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 5, а има и кружен поларизатор за подобра видливост на сонце.

Куќиштето е од алуминиум, со исклучок на задната страна која во еден дел е стаклена, а тука е, за првпат кај „пикселите“, IP67 сертификат, што гарантира отпорност на вода и прашина. Два нови „пиксели“ се базираат на Snapdragon 835 чип и Adreno 540 графика, а Pixel 2 XL доаѓа со 4 GB LPDDR4x RAM, 64 GB интерна меморија во основниот модел (има опција и со 128 GB), предни стерео звучници и батерија со капацитет од 3520 mAh (со поддршка за QuickCharge 4.0).

И Google се приклучи на трендот на исфрлање на 3,5-милиметарскиот приклучок, но не го следи оној за вградување двојни камери. po

Главната камера (од задната страна) има 12-мегапикселен сензор со оптичка стабилизација на сликата, големина на пикселот од 1,4 микрони, отвор на блендата f/1.8 и HDR+ опција. Селфи камерата (од предната страна) има 8-мегапикселен сензор со отвор на блендата f/2.4.

Двата нови „пиксели“ поддржуваат Bluetooth 5.0, GPS, GLONASS, Galileo и BeiDou, а од приклучоците достапен е USB Type-C 3.1 влез.

Pixel 2 XL ќе биде достапен кон средината на ноември, по цена од 940 евра (за моделот со 64 GB интерна меморија), во црна, или во црно-бела боја.

Кај „обичниот“ Pixel „двојка“ екранот е 5-инчен Full HD P-OLED во класичниот 16:9 формат; има 64 или 128 GB меморија, стерео звучници и батерија од 2700 mAh (исто така поддржува QuickCharge 4.0). Ќе биде достапен од 17 октомври по цена од 800 евра за моделот со 64 GB меморија., во сина, црна и бела боја.

Треба да се спомене дека и двата модели ја поддржуваат опцијата на притискање на уредот, Active Edge, за активирање на специјални функции и подигање на апликации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×