Google и водечките телекоми ставаат крај на SMS-ерата
Објавено на од во hi-tech & business

Google и некои од водечките мобилни оператори во светот, заедно со асоцијацијата GSMA (што ги претставува интересите на мобилните оператори), се обединија во поддршката за технологијата Rich Communications Services (RCS), што може да доведе до крај на ерата на SMS пораките.

Информацијата беше објавена на Mobile World Congress-от во Барселона.

RCS има поголеми можности од SMS – поддржува „четување“ во група, споделување слики со висока резолуција …

Потребно е операторите да воведат поддршка за системот, за тој да може да го даде својот максимум на корисниците.

Google ќе воведе поддршка за RCS во Android OS, и ќе бидат создадени јасни стандардизирани правила според кои сите останати платформи ќе можат да ја користат технологијата. Компанијата ќе обезбеди верзија на соодветниот софтвер со отворен код.

RCS веќе е поддржан од 47 оператори во 34 држави. Стандардизирањето на процесот ќе го забрза прифаќањето на технологијата и нејзиното ширење, сметаат од GSMA.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×