Google ќе го купува Twitter?
Објавено на од во hi-tech & business

Откако Microsoft објави дека го купува LinkedIn за 26,2 милијарди долари, аналитичарите сметаат дека ќе следуваат нови преземања во секторот социјални мрежи. Раководителот на одделот за стратегии кај хартиите од вредност во Saxo Bank, Питер Гарнри, прогнозира дека Alphabet, холдингот во чиј состав е Google, ќе ја купи платформата за миркоблогинг Twitter веќе до крајот на годината.

Ваквите очекувања се откако Google не успеа да се наметне на пазарот во обид да му конкурира на Facebook со својата социјална мрежа Google Plus. Но, ако Google го има Twitter со своите над 300 милиони корисници, тоа може да се промени. Twitter и онака е во проблеми и аналитичарите не веруваат дека компанијата би можела да опстои самостојно на долг рок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×