Google ќе забрани реклами за криптовалути и поврзани содржини
Објавено на од во hi-tech & business

Американскиот технолошки гигант Google најави забрана за огласување на криптовалути и поврзани содржини на своите страници. Одлуката стапува на сила во јуни оваа година.

„Компанијата ги надградува своите политики поврзани со промоција на финансиски услуги, и ќе забрани секакво огласување на финансиски производи и услуги поврзани со криптовалути“, изјави првиот човек на Google за реклама, Скот Спенсер, за CNBC.

Тоа значи дека дури и на компаниите кои легално продаваат криптовалути нема да им биде дозволена промоција преку производите на Google за огласување.

„Немаме кристална топка што ќе ни ја покажа иднината на криптовалутите, но видовме доволно штети на сметка на потрошувачите, па сакаме на ова подрачје да му пристапиме со големо внимание“, изјави Скот.

Оваа вест доаѓа откако Facebook најави иста мерка во однос на огласувањето.

Бидејќи овие компании заработуваат големи пари токму од реклами (Alphabet, чадор компанијата на Google, заработува над 80% од вкупните приходи на ваков начин), безбедноста на огласувањето им е многу важна.

Според годишниот извештај на Google за „доверливо и безбедно“ огласување, компанијата во 2017 година симна над 3,2 милијарди огласи што не биле во согласност со нејзината политика, што е скоро двојно повеќе од огласите повлечени во 2016 година, кога биле 1,7 милијарди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×