Google на суд во САД поради незадоволни огласувачи
Објавено на од во hi-tech & business

Google ќе треба да се брани на суд во САД по тужба од група од неколку илјади незадоволни огласувачи. Врховниот суд на САД по осум години одлучил дека случајот против Google може да почне – инциран во 2008 година од огласувачите, со обвинување дека биле измамени од Google.

Ним им било понудено користење на платформата за онлајн рекламирање AdWords (на Google), и сметале дека рекламите ќе им бидат прикажувани само во Google пребарувачот.

Тужителите тврдат дека Google ги прикажувал нивните реклами и на други сајтови, вклучително и на такви со грешки, па дури и на такви што биле сосем несоодветни за она што се ракламира.

Сето ова било причина за загуби на огласувачите, кои плаќале за рекламата многу повеќе од она што го добивале или добивале лоши резултати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×