Google од идната година целосно ќе премине на енергија од обновливи извори
Објавено на од во hi-tech & business

Google во службено соопштение објави дека од 2017 година во потполност ќе работи исклучиво со помош на обновливи извори на енергија. Значи канцелариите на Google, центрите за податоци и други услуги, сместени во различни држави, од следната година целосно ќе зависат од обновлива енергија. Овој премин на Google требаше да биде готов до 2025 година, но сериозно е забрзан и ќе биде завршен веќе во текот на 2017 година.

Освен еколошки причини, Google во потегот ги истакнува и финансиските придобивки, пред сѐ поради намалувањето на трошоците врзани за енергијата од ветерот од околу 60%.

За остварување на целта, Google почнал со широка кампања на склучување договори со добавувачите на енергија од обновливи извори од целиот свет, особено во Азија, каде пазарот на обновлива енергија е во полн замав.

Во тек на 2015 година Google склучи договори за набавка на 842 MW енергија од обновливи извори.

Настојувањата на компанијата за целосен премин, заинтересираните ќе може да ги следат на посебната интернет страница Google Green.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×